Прескокни кон содржината
HOTEL ORANGE PALACE SIDE
Повлечи за повеќе слики

HOTEL ORANGE PALACE SIDE

СидеAll Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Side

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во Евренсеки на 7 km од Сиде и 57 km од аеродромот во Анталија.

Сместување

Вкупно 180 соби во два блока.
Standard rooms (26 m²; една спална соба со француски кревет + единечен кревет, едно купатило, макс. 2+1 лице).
Family rooms (35 m², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс.4 лица).
Economy rooms (20 m², една спална соба, едно купатило, без балкон, макс.2 лица).
Superior rooms (33 m², спална со француски кревет, едно купатило со два мијалници, посебна туш кабина и тоалет, бањарка, мени за перници, ВИП сет, макс. 2 лица).
King Suit (85 m², една спална со француски кревет и џакузи, купатило со два мијалници, посебна туш кабина и тоалет, бањарка, мени за перници, ВИП сет, голем балкон со гарнитура за седење, макс. 2 лица).
Сите соби се со туш, фен, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува со вода и сокови секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф (со доплата), LCD TV со сателитски програми, ламинатен под, WI-FI интернет конекција, балкон.

Услуга

Сѐ вклучено – шведска маса со појадок, доцен појадок, утрински закуски, ручек, попладневни торти и колачи, закуски, вечера, закуска доцна навечер до 06:00 сабајле, сите локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци до 24.00 часот, бар на плажа со закуски од 10:00 до 18:00 часот, À la Carte ресторани со резервација два дена однапред и еднаш за време на престојот.
Не е вклучено: увозни пијалаци кои не се на мени, сите локални и увозни вина во шише, сите пијалаци по 24:00 часот, увозен шампањ, свежо цедени сокови, Vitamin бар на плажа, турско кафе, наргиле, услуга во соба.

Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани (италијански и мексикански), бар на плажа со закуски, бар покрај базен, лоби бар.
Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, продавници, телефон, факс, интернет кафе и компјутерски игри, изнајмување кола се доплаќаат.
WI-FI интернет конекција е бесплатна во целиот хотел и на плажа.

Плажа

Хотелска приватна песочна плажа на 350 метри од хотелот, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа. Има бесплатен превоз до плажа во текот на денот.

Спорт и забава

Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, одбојка на плажа, пинг понг се бесплатни.
Масажа, SPA и центар за убавина, билијард, сите спортови на вода се доплаќаат.
Забава во текот на денот, натпревари, шоу програми, мини клуб за деца од 4-12 години, детско игралиште, мини диско навечер.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

 

Локација

Evrenseki, 07600 Manavgat/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps