
Вила Михаил- Полихроно 2027
Во срцето на Касандра, на околу 4 часа возење од Скопје, во заливот Торонеос, се наоѓа едно од најживописните летувалишта на Халкидики – Полихроно.
Познато е по кристалното, тиркизно море, плитко, создадено за детски водени лудувања, како и по бујната медитеранска вегетација. Тука ќе најдете некои од најубавите плажи на првиот крак на Халкидики, место совршено за семеен одмор. Во можност сте да уживате во големиот број крајбрежни таверни и барови, но и да се прошетате низ околните места и плажи, бидејќи локацијата е навистина идеална. Многубројни супермаркети и пекари ви се на дофат, така што нема да ви недостига ништо. Во Полихроно има аптека и амбуланта, па сигурни сте во секој поглед. Во продолжение ви ја претставуваме вилата „Михаил“ добро позната на нашите клиенти но од ова лето 2026 целосно реновирана!
Вила Михаил
Вила Михаил се наоѓа во мирниот дел на Полихроно, на 200м од плажа. Располага со 9 апартмани, 3 на приземје, 3 на прв кат и 3 на втор кат.
Секој апартман е опремен со мини кујна, бања, балкон и ТВ. Во спалната има два одвоени кревети или еден брачен кревет и во кујната има кревет на спуштање. Користењето на климата е вклучено во цената. Вилата е целосно реновирана.
Што е вклучено
Вклучено
- 7 ноќевања во вила Михаил (цени за наем
- -Користење на клима
- -WI-FI
Не е вклучено
- -Доплата за туристичка такса 14 евра од апартман за цел престој (Се плаќа во вилата)
- -Превоз Скопје,Велес,Неготино и Гевгелија
- -Превоз за возрасен повратен билет 55 еур / 50 еур во еден правец
- -Превоз за дете до 11.99год. повратен билет 45Еур / 40 еур во еден правец
- -Дете до 2 год. (без седиште)-бесплатно