Прескокни кон содржината
Будимпешта и Виена за 8-ми Декември
Повлечи за повеќе слики

Будимпешта и Виена за 8-ми Декември

8 ми Декември Автобуски превоз

Автобуски превоз

Детали за превозот

Превоз со автобус според распоред; точниот термин на поаѓање се потврдува при резервација.

БУДИМПЕШТА И ВИЕНА – ДВЕ ГРАДСКИ ПРИКАЗНИ ВО ДЕКЕМВРИ 

БУДИМПЕШТА – градот што блеска покрај Дунав

Во декември Будимпешта добива посебна магија.  Осветлените улици, украсените плоштади и празничните базари го претвораат градот во вистинска зимска бајка.

Прошетајте покрај величествениот Дунав, уживајте во погледот кон осветлениот Парламент, откријте ги шармантните улички на Будим и почувствувајте ја празничната атмосфера на еден од најубавите европски градови.

Топлите светилки, мирисот на цимет и традиционалните празнични вкусови создаваат атмосфера во која секој момент изгледа како сцена од божиќна приказна. 

ВИЕНА – елеганција, традиција и божиќна магија

Виена во декември е град од разгледница.  Импозантни палати, раскошни згради, украсени улици и прекрасни божиќни базари ја исполнуваат австриската престолнина со посебен шарм.

Прошетајте низ историскиот центар, восхитувајте се на величествениот дворец Шенбрун, уживајте во празничната атмосфера на плоштадите и дозволете му на градот да ве освои со својата елеганција и традиција.

А кога ќе падне вечерта, илјадниците светилки ја претвораат Виена во вистинска зимска бајка. 

Две престолнини. Две различни приказни. Една незаборавна декемвриска авантура.

Будимпешта и Виена ве очекуваат со светилки, празнични базари, прекрасна архитектура и атмосфера што се памети долго по враќањето дома. 

Што е вклучено

Вклучено

  • Превоз со туристички автобус на дадените дестинации
  • Сместување во хотел 3* во Будимпешта на база 2 ноќевања со појадок
  • Туристички придружник од агенцијата
  • Организација и реализација на аранжманот

Не е вклучено

  • Факултативи
  • Влезници за музеи и културно – историски споменици
  • Патничко осигурување
  • Доплата за еднокреветна соба 75 еур.
  • Туристичка такса 2,5 еур по лице на ноќ ( се плаќа на рецепција )
  • Трансфер по градови-Штип,Велес,Неготино,Гевгелија,Прилеп,Битола-10 евра во правец по лице