Сараево 8ми Декември
Автобуски превоз
Детали за превозот
Превоз со автобус според распоред; точниот термин на поаѓање се потврдува при резервација.
Важно
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
- За деца од 3 полни до неполни 12 години се плаќа 50% од сумата на аранжманот кога станува збор за двајца возрасни и дете до неполни 12 години. Кога станува збор за еден родител и дете од 3 до 12 неполни години, за детето се плаќа 70% од редовната сума на аранжманот
-Во случај да нема доволен број на патници од наведените градови за превоз, се организира трансфер до Скопје - Доплата за соба за едно лице 30 евра
- За деца со полни 12 години се плаќа цела сума
- Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
- Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош
- Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
- Распоредот на седишта се нумерира според уплатата. Доколку туристите имаат барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за време на патувањето од Скопје до Сараево и назад. Не и за време на екскурзиите.
Босна и Херцеговина земја во Југоисточна Европа, која се наоѓа на Балканскиот Полуостров. Сараево е главен и најголем град во земјата.Босна и Херцеговина е речиси континентална држава – има тесен брег долго околу 20 километри на Јадранското Море околу градот Неум. Туризмот во Босна и Херцеговина се зголемил на двоцифрени стапки во последниве години. Босна и Херцеговина е регионално и меѓународно позната по својата природна околина и културно наследство наследено од шест историски цивилизации, нејзината кујна, зимски спортови, уникатна музика, архитектура и нејзините фестивали, од кои некои се најголеми и најистакнати во Југоисточна Европа
Нашите ноќевања се во „Ерусалимот на Балканот” поточно Сараево.
Последниот ден е резервиран за посета на Босанските пирамиди.
Во продолжение ви ја претставуваме програмата за Босна.
Што е вклучено
Вклучено
- 2 ноќевања со појадок во хотел
- Разглед на Сараево со локален водич
- Туристички придружник за време на патувањето
- Посета на Вишеград и Андриќград
- Автобуски превоз Скопје и Куманово
Не е вклучено
- Трансфер по градови Гевгелија,Битола,Прилеп,Неготино,Велес и Штип-10е во правец по лице
- Крстарење по Дрина– 10 евра од лице
- Босански пакет ( Бункерот на Тито, Јабланица, Врело Буна, Мостар и Босанските пирамиди) 90евра
- Историски пакет (Бункерот на Тито, Јабланица,Врело Буна и Мостар) 80 евра
- Ноќно Сараево -15евра од лице (задолжителна уплата во агенција)
- Туристичка такса– 2,50 евра од лице за две ноќевања (задолжително)
- Патничко осигурување