Прескокни кон содржината
SAMARA HOTEL
Повлечи за повеќе слики

SAMARA HOTEL

БодрумUltra All Inclusive

Положба

Хотелот се наоѓа во Торба, на 8 km од центарот на Бодрум и 25 km од аеродормот.

Сместување

Вкупно 339 соби.

Standard Land view / Partial Sea View Room (35 m², со поглед на градина или страничен поглед на море, еден дупли или два единечни кревета, софа, купатило, макс. 2+2).

Standard Sea View Room Corner room (35 m², со поглед на море, еден дупли или два единечни кревета, софа, купатило, макс. 2+2).

Deluxe Garden Room (30 m², во бунгалови, еден дупли кревет, еден дополнителен кревет, макс. 3 лица).

Superior Garden Room (35 m², во бунгалови, еден дупли или два единечни кревета и 2 дополнителни кревета, дневна соба, куптило, макс. 4 лица).

Junior suite (45 m², една сплана, една дневна соба, купатило, макс. 4 лица).

Соби за лица со попреченост (32 m², макс. 2+1).

Сите соби имаат приватно купатило, туш, фен, централна или сплит клима, телефон, минибар (сокови, обична и минерална вода се полни дневно), сеф, сет за кафе и чај, електирчен бокал, сателитска ТВ, Wi-Fi интернет во соба, паркет, плочки или ламинат на подот.

Услуга

Ултра Сѐ Вклучено - шведска маса за појадок, ручек и вечера, полноќни закуски, закуски, колачиња и торти, кафе и чај, локални безалкохолни и алкохолни пијалаци, свежо цеден сок за време на појадокот, сладолед во одредено време, десерти и колачи, À la carte ресторани (турски, рибен) со претходна резервација и бесплатно еднаш за време на престојот, бар со закуски, бар покрај базен, пијалаци од концептот во диско (23:00:02:00).

Со доплата се увозни пијалаци, сортни вина, увозни шампањи, делукс пијалаци, старо виски, коњак, пијалаци во шише и лименка, свежо цедени сокови (освен за појадок), турско кафе, услуга во соба, и сѐ што не е наведено во концептот.

Содржини

Главен ресторан со шведска маса, барови низ хотелскиот комплекс, À la carte ресторани (турски и рибен), бар на плажа.

Со доплата се доктор на повик, чување деца, перење и хемиско чистење алишта, продавници, телефон, фризер, фотограф, и сѐ што не е наведено во концептот. Wi-Fi интернет е бесплатен низ хотелот.

Плажа

Хотелска приватна плажа со песок, а дел од плажата е со дрвена платформа со бесплатни лежалки, чадори и крпи за на плажа.

Спорт и забава

Отворени базени за возрасни и деца, одбојка на плажа, тенис, мини фудбал, кошарка, фитнес центар, џакузи, сауна, турска бања, затворен базен, шах, табла.

Со доплата се масажи и третмани во СПА центарот, фризер, спортови на вода, опрема за тенис.  

Забавни програми во текот на денот и навечер. Мини клуб за деца (4-12 год), детско игралиште.

Хотелот е реновиран 2024 година.

Програма

Прв ден | СКОПЈЕ - БОДРУМ
Пристигнување на скопскиот аеродром мин. 3 часа пред полетување. Директен лет кон Бодрум во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето и завршувањето со пасошко-царинските формалности, превземање багаж, итн. Пречек од страна на претставниците на нашата партнер агенција во Бодрум. Организиран групен трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето).
од Втор - до Претпоследен ден | БОДРУМ
Престој во резервираниот хотел на база резервираната услуга. Слободно време за одмор и индивидуални активности, со можност за организирање на факултативни излети . факултативните излети. не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеѓу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Ноќевање во хотел.
Последен ден | БОДРУМ - СКОПЈЕ
Одјавување на собите најдоцна до 12 часот или согласно хотелските правила (продолжено користење на собите - "Late Check Out" може да се обезбеди со доплата). Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Бодрум. Директен чартер лет за Скопје во поставеното време, најчесто во вечерните часови. Пристигнување во Скопје. 

ПРИ ЧЕКИРАЊЕ НА АЕРОДРОМИТЕ ВО СКОПЈЕ И ВО БОДРУМ, ВЕ МОЛИМЕ ВНИМАТЕЛНО И ТОЧНО ДА ЈА ВИДИТЕ ОЗНАКАТА НА ВАШИОТ ЛЕТ НАВЕДЕН НА ВАШАТА АВИОКАРТА, И ДА ПРИСТАПИТЕ ЗА ЧЕКИРАЊЕ НА ШАЛТЕРОТ ОЗНАЧЕН СО ИСТИТЕ ОЗНАКИ НА ЛЕТ.

Вклучено

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- 6, 9, 10 или 13 ноќевања со наведената услуга
- Авионски билет со чартер лет на релација Скопје - Бодрум - Скопје
- Чекиран багаж од 20 кг по лице во авион
- Аеродромски такси и административни такси (за возрасни и деца)
- Организиран групен трансфер аеродром - хотел - аеродром ( на барање, со доплата може да биде организиран и приватен трансфер )
- Организација на аранжманот
- Наш преставник на аеродромот во Скопје и преставник од нашата партнер агенција во Бодрум

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Индивидуални дополнителни хотелски трошоци кои не се наведени во програмата
- Факултативни екскурзии и индивидуални трошоци при патувањето
- Аеродромска такса за инфант 24 € (за бебе 0-1,99 години) се додаваат на цената на аранжманот одкако ќе се внесе инфант во резервацијата--
- Задолжително здравствено - патничко осигурување

Напомена

- За овој аранжман задолжително е секој патник да поседува валиден биометриски македонски  пасош со важност најмалку 180 дена од датумот на завршување на вашиот престој во Турција. Патници сами си одговараат за валидноста на нивните патни исправи односно Организаторот / Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност.
- Доколку патниците немаат македонски пасоши, тогаш тие самите се должни да си ја проверат визната регулатива и условите за влез во Турција. Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност доколку на патник со некомплетни или непроверени документи му е оневозможена реализацијата на аранжманот.
- Организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот, доколку не се оствари минамалниот број на патници за реализација на истиот.
- Организаторот не сноси одговорност за промена на времето и редот на летање на авио компанијата која го реализира чартер летот, доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат или отстранат. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време.
- Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот.
- За сите дополнителни информации и прашања, ве молиме да не контактирате.
- Објавените цени се динамични и со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.
- Организаторот не сноси одговорност за поинакви усмено дадени информации поврани со оваа програма
- За овој аранжман важат условите за патување на организаторот и општите услови на СКТМ.

Локација

3FPH+VC Bodrum, Muğla, Türkiye

Отвори во Google Maps