
TU CASA GELIDONYA
Положба
Хотелот се наоѓа во центарот на Кемер, на 60 km од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупно 221 соба во 4 блока.
Standard rooms (18-20 m², една спална соба, едно купатило, макс 2+1 лице).
Large room (25 – 30 m², една голема спална со француски кревет + два единечни кревети, едно купатило, макс. 4 лица).
Сите соби се со сопствено купатило со туш и фен, клима уред кој работи според временските услови, телефон, мини бар (едно шише вода при пристигнување), сеф (со доплата), ламинатен под, сателитска тв со музички канали, балкон.
Услуга
Сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладне торта, кафе и чај, вечера, ноќна супа, домашни алкохолни и безалкохолни пијалаци до 24:00 часот, сладолед во одредено време во текот на денот, само сокови во барот на плажа од 10:00 – 17:00 часот. Не се вклучени: сите увозни пијалаци, свежо цедени сокови, флаширани пијалаци, лименки, турско кафе, коктели со алкохол, услуга во соба, пијалаци во диско бар.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, лоби бар, бар на плажа и на базен. Бесплатно Wi-fi.
Со доплата се: доктор, медицинска сестра, чување деца, перење алишта, чување деца, фризер, продавници, телефон, факс, интернет кафе, изнајмјување кола.
Плажа
Хотелска приватна плажа со ситни камчиња на 250 m од хотелот. Лежалките и чадорите за сонце се бесплатни, а крпите се доплаќаат. Има пат помеѓу хотелот и плажата.
Спорт и забава
Надворешен и внатрешен базен за возрасни и деца (затворен за време на летен период), тобоган, фитнес центар, сауна, турска бања, пинг понг.
Со доплата: спортови на вода на плажа, масажа, центар за убавина, парна бања, билијард и компјутерски игри.
Забавни програми во текот на денот и вечерта. Мини клуб за деца од 4 – 12 години, игралиште.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
JH64+6W Kemer, Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps