Прескокни кон содржината
RAI PREMIUM TEKIROVA
Повлечи за повеќе слики

RAI PREMIUM TEKIROVA

КемерUltra All Inclusive

Положба

Хотелот се наоѓа во областа Текирова, на 17 km од Кемер и на околу 70 km  од аеродромот во Анталија.

Сместување

Вкупно 531 соба во 2 блока од главна зграда (6 ката) и 5 дополнителни блокови на два ката без лифт.
Deluxe rooms (28-30 m², една спална соба со француски кревет, софа или екстра кревет, купатило, макс. 2+2 деца).
Deluxe rooms without balcony (25 m², една спална со француски кревет + софа, купатило, макс. 2 + 1 дете).
Deluxe connection room partial view (48-58 m², две делукс стандардни соби поврзани со внатрешна врата, едно купатило, макс. 5 лица).
Deluxe terrace room with Jacuzzi (88 m², една спална со француски кревет, дел за седење, купатило, голема тераса со џакузи, макс. 2+1 дете).
Сите соби имаат приватно купатило, туш, фен, бањарки, влечки, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (се полни со сокови и вода на секои два дена), сет за кафе и чај, сеф, сателитска ТВ и музички канали, Wi-Fi интернет, ламинатен под, балкон.

Услуга

Ултра Сѐ Вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, закуски наутро и попладне, вечера, закуски до 01.00 часот, сите локални и стандарни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, снек бар на од 09.30 часот до 17.00 часот,  À la carte ресторан со претходна резервација и еднаш за време на престој од 10 дена. Не е вклучено: специјални увозни пијалаци, специјални вина, свежо цедени сокови, услуга во соба и сите пијалоци после 01.00 часот.

Содржини

Главен ресторан со шведска маса, слаткарница, À la carte ресторани (интернационален, рибен), барови низ хотелскиот комплекс, диско бар.
Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, фризер, телефон, факс, продавници се со доплата.
Wi-Fi интернет конекција е бесплатна во целиот хотел.

Плажа

Хотелска приватна плажа со песок и камчиња. Лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа се бесплатни.

Спорт и забава

Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, Аква парк, фитнес центар, сауна, турска бања, парна соба, тениски терени, одбојка на плажа, пинг понг се бесплатни.
Со доплата: осветлување за тениските терени, куглање, спортови на вода, СПА и велнес центар, школа за нуркање, билијард се со доплата.
Забавни програми во текот на денот, натпревари за возрасни и деца во текот на денот покрај базен и на плажа, шоу програми навечер. Мини клуб за деца помеѓу 4-12 години, дел за играње, мини диско навечер.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

FGWH+M3 Kemer, Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps