
MERYAN HOTEL
Локација
Хотелот се наоѓа во Окурџар, на 90 км од аеродромот во Анталија и 35 км од центарот на Аланија.
Сместување
Хотелот располага 370 соби. Сите соби имаат индивидуална клима, мини-бар (бесплатно), ТВ, телефон, безжичен интернет (се доплаќа), сеф (се доплаќа), фен, балкон.
Standard room 24 m² француски кревет и единечен кревет макс 3 лица.
Family room 40 m² две спални соби, во едната француски кревет, во другата две единечни кревете макс 4 лица.
Содржини
Ресторан, внатрешен базен, 2 надворешни базени, аква парк со 3 тобогани, теретана, аеробик, спа центар, сауна, турска бања, тениско игралиште, пинг-понг, кошарка, фудбал на маса, стрелаштво, пикадо, одбојка на плажа, музика во живо, диско, анимација, детско мени, детско игралиште.
Со доплата: доктор, масажа, фризер, билијард, моторни спортови на вода, перална.
Плажа
Хотелот има сопствена песочна плажа со камчиња.Чадори, лежалки и пешкири се бесплатни за гостите на хотелот, има бар на плажа.
Услуга
Услугата во хотелот е ултра се вклучено. Хотелот е изграден во 1996 година, реновиран во 2019/20 година. година и зафаќа 20.000 m².
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Meryan Hotel, Alara Turizm Merkezi No:269, 07415 Alanya/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps