Бари во ноември 13.11-16.11.2026
НОЕМВРИAll Inclusive
Што е вклучено
Вклучено
- Сместување во хотел со 3* на база 3 ноќевања со појадок
- Директен лет на релација Скопје –Бари -Скопје
- Аеродромски такси
- Мала кабинска торба со димензии 40x30x20cm;( дозволено едно парче багаж )
- Организирани трансфери: аеродром БАРИ – хотел – аеродром БАРИ
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
Програма
- 1ПРВ ДЕН 13.11.2026 Петок — Состанок на групата на Скопскиот аеродром во 14:30ч.Полетување кон Бари 16:50ч. По слетување во Бари, трансвер кон хотел , сместување,слободно време и ноќевање.
- 2ВТОР ДЕН 14.11.2026 Сабота — Појадок, се упатуваме на целодневна екскурзија во Алберобело кое е познато по своите традиционални куќи кои претставуваат еден од најголемите безвременски примери на италијанската народна архитектура.Локалните жители граделе ”трули” уникатни привремени куќи изградени од камен.Прооцесот на трансформација и обновување ,како и оргиналсноста на работа ,им обезбеди на овие згради признавање на УНЕСКО како сдетско наследство.Прошетка низ неколкуте населби каде се наоѓа најголемата концентрација на Трули ,најголемата Trullo Sovrano ,poznata Oпштинска зграда ,неверојатниот видиковец на квартот на Трули, и секако специфичната катедрала Сан Антонио,која е изградена во истиот стил како и околните куќички .По прошетката ,следува слободно време ,за ручек ,аперитиво и секако џелато .Во договорено време ,се упатуваме кон Бари .Ноќевање.
- 3ТРЕТ ДЕН 15.11.2026 Недела — Појдок се упатуваме на целодневна екскурзија во Матера .Градот Матера,кој беше европска престолнина на културата во 2019г ,стана познат во Италија по својот стар град,по познатите Саси ди Матера .Прошетката започнува на плоштадот Виторио Венето,движејќи се низ малите сокаци и скалите низ населбите кои се викаат Саси,ќе ги видиме и познатата Базилика Дева Марија ,која е изградена од локалниот камен ,пештерската црква св.Марија ,познатата шопинг улица Corso ,Поради зачуваниот стар град ,кој поради неговите карактеристики се најде на листата на светско наследство на УНЕСКО.Денешниот град брои околу 60.000жители а интересно е што многу локални жители живеат во нивните домови на предци кои биле изградени пред повеќе од 9,000 години.Благодарение на својата локација,Матеро го зачувала стариот низ вековите .Слободно време .Враќање во Бари .Ноќевање.
- 4ЧЕТВРТИ ДЕН 16.11.2026 Понеделник — Појадок .Напуштање на собите,и одјавување од хотелот.Во утринските часови се упатуваме кон едно од најпознатите летувалишта во близина на Бари,Полињано а Маре.Специфичната локација е местото каде се наоѓа најпознатите плаж,и во регионот ,и местото каде водата е најчиста,благодарение на карпите кои се направени од камен Варовник, и придонесуваат за неверојатната тиркизна боја на Јадранското море .Овој град е изграден на самата карпа .Слободно време од неколку часа за прошетка низ градот .Се враќаме во Бари ,и прошетка низ историскиот дел на Бари ,каде што се наоќа базиликата Св.Никола,каде што се наоѓаат и моштите на истоимениот светец.Ќе ги видиме и норманскиот замок Свево и секако познатите баби кои на улица ги прават познатите тестенини Orecchiette.Слободно време за индивидуалнни активности.Во договорено време ,трансфер од хотелот до аеродром .Полетување за Скопје во 18:35 ч.