Прескокни кон содржината
SUUM BODRUM
Повлечи за повеќе слики

SUUM BODRUM

БодрумA La Carte All Inclusive

Локација

Хотелот е сместен во Бодрум, на 56 km од аеродромот Милас во Бодрум и 20 km од марината.
 

Сместување

Хотелот располага со 76 соби. Сите соби имаат балкон, клима уред, LCD TV, телефон, сеф, мини бар, фен за коса и Wi-Fi, апарат за кафе и чај.
Мини баротсо безалкохолни пијалаци, пиво, топли напитоци, вода и минерална вода и се дополнува секојдневно.
Loft Room Garden Side 16 m², спална соба со брачен кревет, бања, макс. 2 лица.
Loft Room Pool Side 16 m², спална соба со брачен кревет, бања, макс. 2 лица.
Deluxe Room Garden View 25 m², спална соба со брачен кревет или два единечни кревети + софа, бања, макс. 3 лица.
Deluxe Room Pool & Sea View 35 m², брачен кревет или два единечни кревети + софа, бања, макс. 3 лица.
Deluxe Suite Garden View 41 m², спална соба + дневна соба, брачен кревет и софи, бања, макс. 4 лица.
Suum Suite Plunge Pool with Private Terrace 50 m², приватен мал базен на тераса со лежалки, брачен кревет + дополнителен кревет, бања, макс. 3 лица.
 

Содржина

Главен ресторан на база шведска маса, 3 A ‘la Carte ресторани, неколку барови, detox и витаминско катче.
 

Спорт и забава

Хотелот има Spa и Wellness центар. Хотелот има два отворени базени, од кои еден е со џакузи, ресторан и неколку барови, фитнес центар, отворен базен и помал базен со џакузи, спа центар со три соби за масажа, хамам, сауна, парна бања и спортови на вода.
 

Услуга

Услугата во хотелот е A ‘la Carte All Inclusive.
A ‘la Carte All Inclusive вклучува: увозни и домашни алкохолни и безалкохолни пијалаци, A ‘la Carte кујна, барови, појадок, ручек и вечера, доцен појадок, чај и кафе.
Со доплата: Suutei Mongolian Cuisine A ‘la Carte ресторан (во рамки на All Inclusive концептот).
 

Плажа

Хотелот има 200 метри долга песочна плажа. Бесплатни лежалки, чадори и пешкири.

Програма

Прв ден | СКОПЈЕ - БОДРУМ
Пристигнување на скопскиот аеродром мин. 3 часа пред полетување. Директен лет кон Бодрум во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето и завршувањето со пасошко-царинските формалности, превземање багаж, итн. Пречек од страна на претставниците на нашата партнер агенција во Бодрум. Организиран групен трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето).
од Втор - до Претпоследен ден | БОДРУМ
Престој во резервираниот хотел на база резервираната услуга. Слободно време за одмор и индивидуални активности, со можност за организирање на факултативни излети . факултативните излети. не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеѓу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Ноќевање во хотел.
Последен ден | БОДРУМ - СКОПЈЕ
Одјавување на собите најдоцна до 12 часот или согласно хотелските правила (продолжено користење на собите - "Late Check Out" може да се обезбеди со доплата). Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Бодрум. Директен чартер лет за Скопје во поставеното време, најчесто во вечерните часови. Пристигнување во Скопје. 

ПРИ ЧЕКИРАЊЕ НА АЕРОДРОМИТЕ ВО СКОПЈЕ И ВО БОДРУМ, ВЕ МОЛИМЕ ВНИМАТЕЛНО И ТОЧНО ДА ЈА ВИДИТЕ ОЗНАКАТА НА ВАШИОТ ЛЕТ НАВЕДЕН НА ВАШАТА АВИОКАРТА, И ДА ПРИСТАПИТЕ ЗА ЧЕКИРАЊЕ НА ШАЛТЕРОТ ОЗНАЧЕН СО ИСТИТЕ ОЗНАКИ НА ЛЕТ.

Вклучено

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- 6, 9, 10 или 13 ноќевања со наведената услуга
- Авионски билет со чартер лет на релација Скопје - Бодрум - Скопје
- Чекиран багаж од 20 кг по лице во авион
- Аеродромски такси и административни такси (за возрасни и деца)
- Организиран групен трансфер аеродром - хотел - аеродром ( на барање, со доплата може да биде организиран и приватен трансфер )
- Организација на аранжманот
- Наш преставник на аеродромот во Скопје и преставник од нашата партнер агенција во Бодрум

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Индивидуални дополнителни хотелски трошоци кои не се наведени во програмата
- Факултативни екскурзии и индивидуални трошоци при патувањето
- Аеродромска такса за инфант 24 € (за бебе 0-1,99 години) се додаваат на цената на аранжманот одкако ќе се внесе инфант во резервацијата--
- Задолжително здравствено - патничко осигурување

Напомена

- За овој аранжман задолжително е секој патник да поседува валиден биометриски македонски  пасош со важност најмалку 180 дена од датумот на завршување на вашиот престој во Турција. Патници сами си одговараат за валидноста на нивните патни исправи односно Организаторот / Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност.
- Доколку патниците немаат македонски пасоши, тогаш тие самите се должни да си ја проверат визната регулатива и условите за влез во Турција. Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност доколку на патник со некомплетни или непроверени документи му е оневозможена реализацијата на аранжманот.
- Организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот, доколку не се оствари минамалниот број на патници за реализација на истиот.
- Организаторот не сноси одговорност за промена на времето и редот на летање на авио компанијата која го реализира чартер летот, доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат или отстранат. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време.
- Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот.
- За сите дополнителни информации и прашања, ве молиме да не контактирате.
- Објавените цени се динамични и со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.
- Организаторот не сноси одговорност за поинакви усмено дадени информации поврани со оваа програма
- За овој аранжман важат условите за патување на организаторот и општите услови на СКТМ.

Локација

X79W+74 Bodrum, Muğla, Türkiye

Отвори во Google Maps