Прескокни кон содржината
LADONIA GUMBET HOLIDAY (EX. SMART HOLIDAY)
Повлечи за повеќе слики

LADONIA GUMBET HOLIDAY (EX. SMART HOLIDAY)

БодрумAll Inclusive

Локација

Хотелот се наоѓа во живописниот залив Гумбет, на околу 3 км од центарот на Бодрум и околу 45 км од аеродромот Милас Бодрум. Изграден е во 2003 година, а последен пат е реновиран во 2022 година. Зафаќа површина од 9.000 m².

Сместување

Хотелскиот комплекс се состои од 15 трикатни блокови (без лифт). Има вкупно 150 соби. Стандардните соби се со површина од 22 m², наменети се за најмногу 2+1 или 3 лица и имаат француски балкон (двоен кревет или два посебни кревети, за дополнително лице/дете дополнителен кревет). Семејните соби се 45 m², имаат дневна соба и спална соба (максимум 4+1 или 3+2 лица; една соба со брачен кревет или два единечни кревети, втората соба со брачен кревет или два единечни кревети/или влечење -надвор од троседот). Гранд семејните соби можат да сместат најмногу 6 лица (4+2 или 5+1). Тие се состојат од две соби (едната соба со брачен кревет или два посебни кревети, другата соба со брачен кревет или два посебни кревети/или софа на извлекување). Сите соби имаат бања, телефон, мини бар (празен), индивидуална клима, ТВ, фен, сеф (бесплатен), WiFi, балкон (француски балкон во стандардни соби).

Содржина

Хотелските капацитети на располагање на гостите вклучуваат: главен ресторан, 2 a la carte ресторани (турски и риби - со доплата; потребна е резервација), 24-часовна рецепција, 3 барови, WiFi (во фоајето), отворен базен, детски базен, турски бања, сауна, детски клуб (4-12 години) и вечерна програма (еднаш неделно).
Услуги со доплата: изнајмување автомобил, услуга за перење и пеглање, масажи во спа центар, бебиситерка и доктор.  

Плажа

Хотелот се наоѓа на околу 300 m од градската песочна и камчеста плажа во Гумбет. Лежалки и чадори се плаќаат, додека пешкирите се достапни со депозит. Хотелот има и приватна плажа каде чадорите и лежалките се бесплатни за гостите. Оваа плажа е на 2 км од хотелот и неколку пати во текот на денот се организира шатл-служба за гостите до неа.

Програма

Прв ден | СКОПЈЕ - БОДРУМ
Пристигнување на скопскиот аеродром мин. 3 часа пред полетување. Директен лет кон Бодрум во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето и завршувањето со пасошко-царинските формалности, превземање багаж, итн. Пречек од страна на претставниците на нашата партнер агенција во Бодрум. Организиран групен трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето).
од Втор - до Претпоследен ден | БОДРУМ
Престој во резервираниот хотел на база резервираната услуга. Слободно време за одмор и индивидуални активности, со можност за организирање на факултативни излети . факултативните излети. не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеѓу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Ноќевање во хотел.
Последен ден | БОДРУМ - СКОПЈЕ
Одјавување на собите најдоцна до 12 часот или согласно хотелските правила (продолжено користење на собите - "Late Check Out" може да се обезбеди со доплата). Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Бодрум. Директен чартер лет за Скопје во поставеното време, најчесто во вечерните часови. Пристигнување во Скопје. 

ПРИ ЧЕКИРАЊЕ НА АЕРОДРОМИТЕ ВО СКОПЈЕ И ВО БОДРУМ, ВЕ МОЛИМЕ ВНИМАТЕЛНО И ТОЧНО ДА ЈА ВИДИТЕ ОЗНАКАТА НА ВАШИОТ ЛЕТ НАВЕДЕН НА ВАШАТА АВИОКАРТА, И ДА ПРИСТАПИТЕ ЗА ЧЕКИРАЊЕ НА ШАЛТЕРОТ ОЗНАЧЕН СО ИСТИТЕ ОЗНАКИ НА ЛЕТ.

Вклучено

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- 6, 9, 10 или 13 ноќевања со наведената услуга
- Авионски билет со чартер лет на релација Скопје - Бодрум - Скопје
- Чекиран багаж од 20 кг по лице во авион
- Аеродромски такси и административни такси (за возрасни и деца)
- Организиран групен трансфер аеродром - хотел - аеродром ( на барање, со доплата може да биде организиран и приватен трансфер )
- Организација на аранжманот
- Наш преставник на аеродромот во Скопје и преставник од нашата партнер агенција во Бодрум

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Индивидуални дополнителни хотелски трошоци кои не се наведени во програмата
- Факултативни екскурзии и индивидуални трошоци при патувањето
- Аеродромска такса за инфант 24 € (за бебе 0-1,99 години) се додаваат на цената на аранжманот одкако ќе се внесе инфант во резервацијата--
- Задолжително здравствено - патничко осигурување

Напомена

- За овој аранжман задолжително е секој патник да поседува валиден биометриски македонски  пасош со важност најмалку 180 дена од датумот на завршување на вашиот престој во Турција. Патници сами си одговараат за валидноста на нивните патни исправи односно Организаторот / Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност.
- Доколку патниците немаат македонски пасоши, тогаш тие самите се должни да си ја проверат визната регулатива и условите за влез во Турција. Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност доколку на патник со некомплетни или непроверени документи му е оневозможена реализацијата на аранжманот.
- Организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот, доколку не се оствари минамалниот број на патници за реализација на истиот.
- Организаторот не сноси одговорност за промена на времето и редот на летање на авио компанијата која го реализира чартер летот, доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат или отстранат. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време.
- Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот.
- За сите дополнителни информации и прашања, ве молиме да не контактирате.
- Објавените цени се динамични и со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.
- Организаторот не сноси одговорност за поинакви усмено дадени информации поврани со оваа програма
- За овој аранжман важат условите за патување на организаторот и општите услови на СКТМ.

Локација

29JV+PJ Bodrum, Muğla, Türkiye

Отвори во Google Maps