Прескокни кон содржината
LABRANDA TMT BODRUM RESORT
Повлечи за повеќе слики

LABRANDA TMT BODRUM RESORT

БодрумUltra All Inclusive

Локација

Хотелот се наоѓа во центарот на Бодрум, на околу 35 км од аеродромот.

Сместување

Хотелот располага со 329 соби. Сите соби имаат бања со туш, фен, огледало за шминкање, сет за бања, мини бар се дополнува со вода, безалкохолни пијалоци, сеф, ТВ со национална и интернационална програма, сет за кафе и чај, клима, телефон, балкон или тераса.
Стандардни соби 24 m², макс. 2 + 1 дете.
Стандардни анекс соби 20-24 m², макс. 2 + 1 дете, во анекс делот на хотелот, на рид.
Фамилијарни соби 38 m², две спални соби одвоени со врата, макс. 4 лица.
Супериор соби 34 m², поголеми од стандардните соби, една спална соба, едно купатило, макс. 3+1 лице.
Хотелот има три соби за лица со попреченост.
Напомена : Фамилијарните и стандардните соби од анекс делот се околу 100 метри од централниот дел на хотелот.До нив се стигнува со лифт преку пешачки мост и скали.

Содржини

Хотелот има главен ресторан, барови низ хотелскиот комплекс на плажа, во лоби, покрај базен, À a carte ресторани.
Со доплата: доктор, чување деца, факс, перење и хемиско чистење, фризер, продавници.

Спорт и забава

Отворени и затворени базени за возрасни и деца, 2 тобогана, џакузи, фитнес центар, турска бања, парна бања, сауна, пинг понг, пикадо, одбојка на плажа, кошарка. Дневни активности, вежби и вечерни  забави и забавни програми со стручен тим за анимација. За деца има мини клуб од 4-12 год, мини диско со обучен тим.
Со доплата: сите спортови на вода, масажа и услуги во центарот за убавина.

Услуга

Услугата во хотелот е ултра се вклучено шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, полноќна супа, детско бифе во главен ресторан (за вечера), таверна снек бар, италијански и морски ресторан, ѓомлезе, слаткарница, локални стандардни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед во одредено време од денот, попладневно кафе и чај.

Со доплата: премиум пијалоци, специјални вина, свежо цедени сокови, шампањ, енергетски пијалоци, услуга во соба, коктели, а ла карт ресторани со претходна резервација и со доплата.

Плажа

Хотелот има приватна плажа со песок и камчиња. Лежалки, чадори и крпи се бесплатни.

Програма

Прв ден | СКОПЈЕ - БОДРУМ
Пристигнување на скопскиот аеродром мин. 3 часа пред полетување. Директен лет кон Бодрум во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето и завршувањето со пасошко-царинските формалности, превземање багаж, итн. Пречек од страна на претставниците на нашата партнер агенција во Бодрум. Организиран групен трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето).
од Втор - до Претпоследен ден | БОДРУМ
Престој во резервираниот хотел на база резервираната услуга. Слободно време за одмор и индивидуални активности, со можност за организирање на факултативни излети . факултативните излети. не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеѓу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Ноќевање во хотел.
Последен ден | БОДРУМ - СКОПЈЕ
Одјавување на собите најдоцна до 12 часот или согласно хотелските правила (продолжено користење на собите - "Late Check Out" може да се обезбеди со доплата). Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Бодрум. Директен чартер лет за Скопје во поставеното време, најчесто во вечерните часови. Пристигнување во Скопје. 

ПРИ ЧЕКИРАЊЕ НА АЕРОДРОМИТЕ ВО СКОПЈЕ И ВО БОДРУМ, ВЕ МОЛИМЕ ВНИМАТЕЛНО И ТОЧНО ДА ЈА ВИДИТЕ ОЗНАКАТА НА ВАШИОТ ЛЕТ НАВЕДЕН НА ВАШАТА АВИОКАРТА, И ДА ПРИСТАПИТЕ ЗА ЧЕКИРАЊЕ НА ШАЛТЕРОТ ОЗНАЧЕН СО ИСТИТЕ ОЗНАКИ НА ЛЕТ.

Вклучено

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- 6, 9, 10 или 13 ноќевања со наведената услуга
- Авионски билет со чартер лет на релација Скопје - Бодрум - Скопје
- Чекиран багаж од 20 кг по лице во авион
- Аеродромски такси и административни такси (за возрасни и деца)
- Организиран групен трансфер аеродром - хотел - аеродром ( на барање, со доплата може да биде организиран и приватен трансфер )
- Организација на аранжманот
- Наш преставник на аеродромот во Скопје и преставник од нашата партнер агенција во Бодрум

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Индивидуални дополнителни хотелски трошоци кои не се наведени во програмата
- Факултативни екскурзии и индивидуални трошоци при патувањето
- Аеродромска такса за инфант 24 € (за бебе 0-1,99 години) се додаваат на цената на аранжманот одкако ќе се внесе инфант во резервацијата--
- Задолжително здравствено - патничко осигурување

Напомена

- За овој аранжман задолжително е секој патник да поседува валиден биометриски македонски  пасош со важност најмалку 180 дена од датумот на завршување на вашиот престој во Турција. Патници сами си одговараат за валидноста на нивните патни исправи односно Организаторот / Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност.
- Доколку патниците немаат македонски пасоши, тогаш тие самите се должни да си ја проверат визната регулатива и условите за влез во Турција. Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност доколку на патник со некомплетни или непроверени документи му е оневозможена реализацијата на аранжманот.
- Организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот, доколку не се оствари минамалниот број на патници за реализација на истиот.
- Организаторот не сноси одговорност за промена на времето и редот на летање на авио компанијата која го реализира чартер летот, доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат или отстранат. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време.
- Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот.
- За сите дополнителни информации и прашања, ве молиме да не контактирате.
- Објавените цени се динамични и со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.
- Организаторот не сноси одговорност за поинакви усмено дадени информации поврани со оваа програма
- За овој аранжман важат условите за патување на организаторот и општите услови на СКТМ.

Локација

2CFV+C5 Bodrum, Muğla, Türkiye

Отвори во Google Maps