
LA QUINTA BY WYNDHAM BODRUM
Локација
Хотелот се наоѓа на 35 км од аеродромот во Бодрум и на 1 км од центарот на градот.
Сместување
Хотелот располага со 175 соби. Сите соби имаат бања со туш или када, фен, клима, телефон, сателитска ТВ, балкон, гардеробер, сеф, мини бар (со доплата), сет за кафе и чај, електричен бокал, пегла и даска за пеглање, Wi-Fi интернет.
Клуб Стандардни соби 25 m², во анекс делот, еден дупли или два единечни кревета, фотелја, поглед кон копно или море, макс. 2 лица.
Хотелски соби 30 m², во главната зграда, една спална соба, едно купатило, макс. 2 лица.
Апартмани 56 m², во главна зграда, една спална соба и една дневна соба, џакузи.
Хотелот има две соби за лица со попреченост.
Содржини
Хотелот има главен ресторан со шведска маса, бар покрај базен, а ла карт ресторан, бар со закуски, бар на покривот од хотелот.
Со доплата: доктор на барање, бизнис центар, перење и хемиско чистење, изнајмување коли, продавници, телефон, и сѐ останато што не е наведено во концептот.
Бесплатен Wi-Fi интернет во целиот хотелски комплекс.
Спорт и забава
Базени за возрасни и деца, фитнес центар, сауна, пикадо, билијард, пинг понг.
Со доплата: спортови на вода.
Услуга
Услугата во хотелот е ултра се вклучено шведска маса за појадок, ручек, вечера, бифе со закуски, кафе, чај, бар покрај базен, сладолед во одредено време од денот, локални алкохолни и безалкохолни пијалаци до полноќ.
Со доплата: сите увозни пијалаци, пијалаци во шише и лименка, енергетски пијалаци, свежо цедени сокови, турско кафе, а ла карт ресторан со претходна резервација, услуга во соба.
Плажа
Хотелот има приватна плажа со платформа. Лежалки и чадори за сонце се бесплатни.
Програма
Прв ден | СКОПЈЕ - БОДРУМ
Пристигнување на скопскиот аеродром мин. 3 часа пред полетување. Директен лет кон Бодрум во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето и завршувањето со пасошко-царинските формалности, превземање багаж, итн. Пречек од страна на претставниците на нашата партнер агенција во Бодрум. Организиран групен трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето).
од Втор - до Претпоследен ден | БОДРУМ
Престој во резервираниот хотел на база резервираната услуга. Слободно време за одмор и индивидуални активности, со можност за организирање на факултативни излети . факултативните излети. не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеѓу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Ноќевање во хотел.
Последен ден | БОДРУМ - СКОПЈЕ
Одјавување на собите најдоцна до 12 часот или согласно хотелските правила (продолжено користење на собите - "Late Check Out" може да се обезбеди со доплата). Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Бодрум. Директен чартер лет за Скопје во поставеното време, најчесто во вечерните часови. Пристигнување во Скопје.
ПРИ ЧЕКИРАЊЕ НА АЕРОДРОМИТЕ ВО СКОПЈЕ И ВО БОДРУМ, ВЕ МОЛИМЕ ВНИМАТЕЛНО И ТОЧНО ДА ЈА ВИДИТЕ ОЗНАКАТА НА ВАШИОТ ЛЕТ НАВЕДЕН НА ВАШАТА АВИОКАРТА, И ДА ПРИСТАПИТЕ ЗА ЧЕКИРАЊЕ НА ШАЛТЕРОТ ОЗНАЧЕН СО ИСТИТЕ ОЗНАКИ НА ЛЕТ.
Вклучено
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- 6, 9, 10 или 13 ноќевања со наведената услуга
- Авионски билет со чартер лет на релација Скопје - Бодрум - Скопје
- Чекиран багаж од 20 кг по лице во авион
- Аеродромски такси и административни такси (за возрасни и деца)
- Организиран групен трансфер аеродром - хотел - аеродром ( на барање, со доплата може да биде организиран и приватен трансфер )
- Организација на аранжманот
- Наш преставник на аеродромот во Скопје и преставник од нашата партнер агенција во Бодрум
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Индивидуални дополнителни хотелски трошоци кои не се наведени во програмата
- Факултативни екскурзии и индивидуални трошоци при патувањето
- Аеродромска такса за инфант 24 € (за бебе 0-1,99 години) се додаваат на цената на аранжманот одкако ќе се внесе инфант во резервацијата--
- Задолжително здравствено - патничко осигурување
Напомена
- За овој аранжман задолжително е секој патник да поседува валиден биометриски македонски пасош со важност најмалку 180 дена од датумот на завршување на вашиот престој во Турција. Патници сами си одговараат за валидноста на нивните патни исправи односно Организаторот / Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност.
- Доколку патниците немаат македонски пасоши, тогаш тие самите се должни да си ја проверат визната регулатива и условите за влез во Турција. Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност доколку на патник со некомплетни или непроверени документи му е оневозможена реализацијата на аранжманот.
- Организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот, доколку не се оствари минамалниот број на патници за реализација на истиот.
- Организаторот не сноси одговорност за промена на времето и редот на летање на авио компанијата која го реализира чартер летот, доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат или отстранат. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време.
- Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот.
- За сите дополнителни информации и прашања, ве молиме да не контактирате.
- Објавените цени се динамични и со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.
- Организаторот не сноси одговорност за поинакви усмено дадени информации поврани со оваа програма
- За овој аранжман важат условите за патување на организаторот и општите услови на СКТМ.
Локација
2CH9+W4 Bodrum, Muğla, Türkiye
Отвори во Google Maps