Прескокни кон содржината
DOUBLETREE BY HILTON BODRUM ISIL CLUB
Повлечи за повеќе слики

DOUBLETREE BY HILTON BODRUM ISIL CLUB

БодрумUltra All Inclusive

Локација

Хотелот се наоѓа на 25 км од аеродромот и на 8 км од центарот на Бодрум.

Сместување

Хотелот располага со 277 соби. Сите соби имаат бања со туш, влечки и бањарки, фен, ЛЦД ТВ со сателитси канали, телефон, сеф, мини бар (само сокови на пристигнување), електричен бокал, сет за кафе и чај, пегла и даска за пеглање, балкон или тераса, Wi-Fi интернет.
King Guest rooms 25 m², макс. 2+1 лицe.
King Deluxe room 27 m², макс. 2+1 лице.
King Deluxe room with sea view 30 m², макс. 2+1 лице.
Deluxe family room with view 55 m², две спални соби и две купатила, макс. 4+1 лице.
Deluxe family room with terrace 55 m², две спални соби и две бањи, тераса со поглед на море, макс. 4+1 лице.
Family connect room 56 m², две спални соби, две бањи, макс. 4+1 лице.
King duplex rooms 50 m², на два ката, макс.2+1 лице.
Апартмани со поглед на море 59 m², макс 3 лица.
Хотелот има соби за лица со попреченост.

Содржини

Хотелот има главен ресторан со шведска маса, а ла карт ресторани со италијанска и морска храна, барови низ хотелскиот комплекс. Wi-Fi интернет во собите и заедничките простории во хотелот е бесплатен.
Со доплата: доктор, чување деца, перење алишта и хемиско чистење, фризер, продавници, телефон, изнајмување кола.

Спорт и забава

Базени за возрасни и деца, тобогани, јога, стрелаштво, игри покрај базен, зумба, гимнастика во вода, одбојка во вода, фудбал, одбојка на плажа, турска бања, сауна, тенески терени, пинг понг, терени за кошарка, фитнес центар.
Со доплата: третмани на тело и лице и масажи во спа центарот, осветлување за тенески терени, спортови на вода, забавни програми во текот на денот и навечер, музика во живо неколку пати во текот на денот. Мини клуб за деца со разни активности и мини диско навечер.

Услуга

Услугата во хотелот е ултра се вклучено шведска маса за појадок, ручек, вечера, закуски во текот на денот, локални алкохолни и безалкохолни пијалаци, пијалак за добре дојде, бар на плажа и покрај базен, лоби бар, сладолед во одредено време од денот, топли напитоци, скара.
Со доплата: увозни пијалаци кои што не се на листата, пијалаци во шише и лименка, енергетски пијалаци, свежо цедени сокови, услуга во соба, а ла карт рестораните со италијанска и морска храна.

Плажа

Хотелот има приватна плажа со песок и камчиња, лежалжи, чадори и пешкири за плажа се бесплатни.

Програма

Прв ден | СКОПЈЕ - БОДРУМ
Пристигнување на скопскиот аеродром мин. 3 часа пред полетување. Директен лет кон Бодрум во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето и завршувањето со пасошко-царинските формалности, превземање багаж, итн. Пречек од страна на претставниците на нашата партнер агенција во Бодрум. Организиран групен трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето).
од Втор - до Претпоследен ден | БОДРУМ
Престој во резервираниот хотел на база резервираната услуга. Слободно време за одмор и индивидуални активности, со можност за организирање на факултативни излети . факултативните излети. не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеѓу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Ноќевање во хотел.
Последен ден | БОДРУМ - СКОПЈЕ
Одјавување на собите најдоцна до 12 часот или согласно хотелските правила (продолжено користење на собите - "Late Check Out" може да се обезбеди со доплата). Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Бодрум. Директен чартер лет за Скопје во поставеното време, најчесто во вечерните часови. Пристигнување во Скопје. 

ПРИ ЧЕКИРАЊЕ НА АЕРОДРОМИТЕ ВО СКОПЈЕ И ВО БОДРУМ, ВЕ МОЛИМЕ ВНИМАТЕЛНО И ТОЧНО ДА ЈА ВИДИТЕ ОЗНАКАТА НА ВАШИОТ ЛЕТ НАВЕДЕН НА ВАШАТА АВИОКАРТА, И ДА ПРИСТАПИТЕ ЗА ЧЕКИРАЊЕ НА ШАЛТЕРОТ ОЗНАЧЕН СО ИСТИТЕ ОЗНАКИ НА ЛЕТ.

Вклучено

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- 6, 9, 10 или 13 ноќевања со наведената услуга
- Авионски билет со чартер лет на релација Скопје - Бодрум - Скопје
- Чекиран багаж од 20 кг по лице во авион
- Аеродромски такси и административни такси (за возрасни и деца)
- Организиран групен трансфер аеродром - хотел - аеродром ( на барање, со доплата може да биде организиран и приватен трансфер )
- Организација на аранжманот
- Наш преставник на аеродромот во Скопје и преставник од нашата партнер агенција во Бодрум

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Индивидуални дополнителни хотелски трошоци кои не се наведени во програмата
- Факултативни екскурзии и индивидуални трошоци при патувањето
- Аеродромска такса за инфант 24 € (за бебе 0-1,99 години) се додаваат на цената на аранжманот одкако ќе се внесе инфант во резервацијата--
- Задолжително здравствено - патничко осигурување

Напомена

- За овој аранжман задолжително е секој патник да поседува валиден биометриски македонски  пасош со важност најмалку 180 дена од датумот на завршување на вашиот престој во Турција. Патници сами си одговараат за валидноста на нивните патни исправи односно Организаторот / Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност.
- Доколку патниците немаат македонски пасоши, тогаш тие самите се должни да си ја проверат визната регулатива и условите за влез во Турција. Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност доколку на патник со некомплетни или непроверени документи му е оневозможена реализацијата на аранжманот.
- Организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот, доколку не се оствари минамалниот број на патници за реализација на истиот.
- Организаторот не сноси одговорност за промена на времето и редот на летање на авио компанијата која го реализира чартер летот, доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат или отстранат. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време.
- Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот.
- За сите дополнителни информации и прашања, ве молиме да не контактирате.
- Објавените цени се динамични и со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.
- Организаторот не сноси одговорност за поинакви усмено дадени информации поврани со оваа програма
- За овој аранжман важат условите за патување на организаторот и општите услови на СКТМ.

Локација

3FPG+5V Bodrum, Muğla, Türkiye

Отвори во Google Maps