Прескокни кон содржината
FORT ARABESQUE THE WEST BAY
Повлечи за повеќе слики

FORT ARABESQUE THE WEST BAY

Макади БаиAll Inclusive

Локација

Fort Arabesque Resort & Spa, хотел идеален за љубителите на вистинските убавини на Црвеното Море, се наоѓа во живопосниот залив Makadi Bay на преубава сопствена песочна плажа долга 900м. Аеродромот во Хургада е на окoлу 20км оддалеченост.
 

Соби

Хотелскиот комплекс кој е еден од поголемите во регионот го сочинуваат три целини од кои 2 се само за возрасни - Fort Arabesque Resort & Spa, The West Bay (+16 год.) и Villas of Fort Arabesque (+16 год.). Fort Arabesque Resort & Spa е главниот дел, идеален за фамилии или парови. Располага со 321 соба и секоја од нив има купатило, фен, ТВ, телефон, минибар, клима, сеф, балкон или тераса. Стандардните соби се околу 30м2, Супериор се 38м2, додека фамилијарните се 42м2.
 

Содржини

Освен главниот ресторан во кој се служи разновидна храна од локална и интернационална кујна, со склоп на хотелот има и неколку други а ла карт ресторани, неколку барови (покрај базен, на плажа, во лоби, итн.), продавници, менувачница, аптека, банкомат, фризерски салон, интернет центар, сервис за перење...
 

Спорт и забава

Хотелот располага со неколку надворешни базени, од кои 3 се загреваат во зимските месеци; теретана; пинг понг; стаза за трчање; современо опремен спа центар; различни спортови на вода; детски клуб; анимации.
 

Плажа

Хотелот располага со една од најубавите плажи во целиот регион на Хургада. Истата е долга и со доволно простор. Морето се задлабочува убаво без големо изразување на осеките. За оние кои се љубители на подводниот свет и снорклингот - во непосредна близина има и живописни корални гребени. Лежалки со чадори за сонце се достапни на плажата и покрај базените бесплатно.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии. 
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

XWW2+MH7, Hurghada 1, Red Sea Governorate 1960530, Egypt

Отвори во Google Maps