Прескокни кон содржината
FORT ARABESQUE BEACH RESORT
Повлечи за повеќе слики

FORT ARABESQUE BEACH RESORT

Макади БаиAll Inclusive

Положба

Хотелот се наоѓа во заливот Макади покрај сопствена плажа, на околу 32 km од Хургада.

Сместување

Fort Arabesque The Beach Resort & Spa: Вкупно 330 соби.
Standard rooms (еден дупли или два единечни кревета, купатило, макс.2+2).
Superior rooms (еден дупли или два единечни кревета, со директен и страничен поглед на море, купатило, макс.2+2).
Deluxe rooms (спална соба со дпли кревет и еден единечен кревет, макс. 3 лица).
Family rooms (со 2 дупли кревета или еден дупли + 1 единечен и софа на спуштање, со поглед кон градина, се наоѓаат на приземје).
Family suite (две спални соби, во едната има еден дупли кревет, а во другата два единечни, едно купатило, макс. 4 лица, во главната зграда, со страничен поглед кон море).
Grand family suite (спартман со две спални соби – во едната дупли кревет, а во другата два единечни, панорамски поглед, две купатила, голема тераса, макс. 4 лица).
Presidential suite (114 m², на највисокиот кат, спална соба, купатило, дневна соба, тераса со панорамски поглед, соодветно само за возрасни со Премиум Сѐ Вклучено).
Apartment suite (две спални соби, две купатила, голема тераса, макс. 4 лица).
Duplex suite (на долниот кат има дневна соба со купатило, а на горниот кат спална и купатило, макс. 2 лица).
Junior suite (спална, дел за седење, купатило, макс. 3 лица).
Deluxe family suites (43 m², една спална соба со дупли кревет и кревети на спрат, 2+2 деца, посебни поволности за гостите – детски играчки во градината пред фамилијарната зграда, количка за бебе, прибор за пеглање, бебешко коритце, бебешка козметика, детски бањарки и прибор, бесплатно перење алишта за децата, бесплатно користење фризер и козметичар еднаш во текот на престојот, кошница со бебешки производи за хигиена).
Сите соби во овој дел имаат тераса или балкон, приватно купатило со туш, клима, сателитска ТВ, телефон, сет за чај и кафе, сеф, мини бар (со доплата), Wi-Fi интернет (со доплата).

Fort Arabesque the Villas (Adults only) е каскаден дел од комплексот и неколку реда од вилите имаат директен пристап до базен, но сепак секоја вила има доволно приватност.
Swim - up one bedroom villas се околу 55 m², имаат дневна и една сплана соба, тераса и директен пристап до загреан базен, макс. 2 лица.
Swim up sea view one bedroom villas се околу 61 m², имаат дневна и една сплана соба, тераса и директен пристап до загреан базен, поглед кон море, макс. 2 лица.
Swim up two bedroom villas се околу 91 m², дуплекс, со две спални соби, дневна соба и две купатила, директен пристап до загреан базен, макс. 4 лица.
Во вилите има памучни бањарки и влечки, разни игри, сеф, голем избор на кафе и чај. Гостите од овој дел може да имаат приватен check – in и check – out,  два пати бесплатно да ги користат À la carte рестораните The Pavilion и Club 159, лежалки на локација по избор на плажата, мини фрижидер на плажа кој постојано се дополнува со пијалаци, бесплатен влез во клубот за здрава храна, бесплатен Wi-Fi интернет со повисока брзина во вилата и на јавните места, 15% попуст во СПА центарот, безжичен полнач, природна козметика за женските гости, бесплатно перење алишта, еднаш бесплатно користење бербер (за мажи) и лакирање нокти (за жени), мини бар со крекери, апетисани, чоколади, бисквити, Хајнекен пиво, две мали шишиња вино, кока кола, спрајт, минерална вода), еспресо машшина, хербални чаеви, корпа со овошје, појадок во соба (континентален или американски - на барање), достава на пица во одредено време, луксузна кабана во бохо-стил на плажа со привилегии.

Fort Arabesque The West Bay (Adults only): Вкупно 247 соби.
Comfort rooms (спална, купатило, поглед кон градина, макс.2 лица).
Premium rooms (спална, купатило, поглед на море, макс. 3 лица).
Junior suite (спална соба, дел за седење, купатило, поглед на море, макс. 3 лица).
Premium suite (65 m², две спални соби – едната со дупли кревет, другата со единечен кревет, купатило, макс. 2 лица).
Elite suite (спална соба, дневна соба, купатило, соодветно за парови).
Penthouse (300 m², две спални соби, три дупли кревета, шанк, систем за озвучување, две купатила, огромна тераса, загреано џакузи на отворено, макс. 5 лица). Собите во овој дел се поголеми и полуксузни, сите имаат купатило со туш, фен, балкон или тераса, сателитска ТВ, мини бар (со доплата), сеф, сет за кафе и чај, клима, Wi-Fi интернет (со доплата).

Услуга

Сѐ  вклучено и Премиум Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, закуски во текот на денот, посебен дел со азиска храна во главниот ресторан на плажа, закуски во текот на денот, пица, паста, медитеранска скара, локални алкохолни и безалкохолни пијалаци, коктели, чај, кафе, колачи, торти, мексикански бар на плажа.

Услугата Премиум Сѐ вклучено го има и следново: два пати бесплатно користење на The Pavillion и Club 159, услуга Beach Service Plus (резервација на лежалки и чадори по избор, со мини фрижидер со пијалаци на плажа), бесплатен интернет на јавните места, 15% попуст во СПА центарот, подготвка на коктели со премиум локални пијалаци, неограничена употреба на теретана, бесплатен мини бар.

Со доплата се Club 159 (освен за гостите на Fort Arabesque The Villas и за гостите со Премиум Сѐ вклучено), свежо цедени сокови, увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, премиум пијалаци, услуга во соба, наргиле, пијалаци во шише и лименка, енергетски пијалаци.

Содржини

Главни ресторани со шведска маса, À la carte ресторани The Pavilion и Club 159 (бесплатно само за гостите од The Villas и корисниците на Премиум Сѐ вклучено), барови низ хотелскиот комплекс, барови иресторани само за возрасни.
Доктор на барање, перење и пеглање алишта, телефон, факс, изнајмување кола, аптека, продавници, фризер, изнајмување кола, се со доплата. Wi-Fi интернет со ограничена брзина е бесплатно, а брзиот интернет се доплата. За гостите од The Villas и корисниците на Премиум Сѐ вклучено брзиот интернет е бесплатен.

Плажа

Хотелска приватна песочна плажа долга околу 650 m. Гостите на хотелот може бесплатно да користат чадори за сонце, лежалки и крпи за на плажа, а за гостите од The Villas и корисниците на Премиум Сѐ вклучено ја има услугата Beach Service plus (одбирање локација, мини фрижидер на плажа кој се дополнува постојано).

Спорт и забава

Отворени базени за возрасни и деца, одбојка на плажа, билијард, јога, бока.
Со доплата се теретана (бесплатна за гостите на Fort Arabesque The Villas), тениска опрема, билијард, масажи и третмани за нега на тело и лице во СПА центарот.
Забавни програми во текот на денот и шоу програми навечер (салса вечер, реге вечер, забави на плажа и сл.). Клуб за деца, детско игралиште, разни натпревари, активности, мини диско навечер.

 

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии. 
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Hurghada - Safaga road، KM 32, Red Sea Governorate 84651, Egypt

Отвори во Google Maps