Прескокни кон содржината
Вила Елени
Повлечи за повеќе слики

Вила Елени

ИпсосRoom Only Автобуски превоз

Автобуски превоз

Детали за превозот

Превоз со автобус според распоред; точниот термин на поаѓање се потврдува при резервација.

Во цената е вклучено: 

Автобуски превоз Скопје - Крф – Скопје
7 ноќевања во студија/апартмани во Ипсос на база на наем
Пратител за време на патувањето
Водич за време на престојот
Трошоци за организација и реализација на патувањето

Во цената не е вклучено:

Траект Игуменица - Крф – Игуменица (30 € по лице повратна карта)
Туристичка такса (2 € од соба од ден)
Патничко осигурување (задолжително)
Индивидуални трошоци на патниците
Факултативни излети:
Посета на плажата Глифада – 25 € по лице
Посета на Сидари со Каналот на љубовта и 7th Heaven – 25 € по лице
Palaiokastritsa speedboat tour (La Grotta / Paradise beach / Akron beach) – 45 € по лице
Крстарење со брод по североисточниот брег на островот – 50 € по лице
ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ: 125 € по лице

Напомени

УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:
Цената е изразена во евра со денарски курс од 62,00 ден.
При пријавување и склучување на договорот се уплаќа аконтација од 30% од вкупниот износ и најдоцна 15 дена пред датумот на патување се доплаќа остатокот.
Плаќањето може да биде готовинско, со платежни картички или на фактура.

 ОПШТИ НАПОМЕНИ:
– За програмата важат Опшите Услови за патување на СКТМ.
– Цените се по лице за 7 ноќевања/8 дена односно 9 ноќевања/10 дена.
– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од датумот на завршување на патувањето.
– Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот (тргнувањето е еден ден порано).
– За еднокреветна соба се доплаќа плус 70% од редовната цена.
– За сопствен превоз се одземаат 20 € од цената на понудата, а патниците сами го организираат патот со траектот до и од Крф.
– Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети.
– Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Ве молиме минимум 24 часа пред секое поаѓање да се информирате за потврда за времето и местото на поаѓање.
– Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
– Сместување во собите е после 14:00 часот, а напуштање на истите е до 09:00 часот по локално време.
– Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
– Цените објавени во табелите се конечни. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите, агенцијата НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
– Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко – здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжман или да се промени термин на резервацијата.
– Агенцијата организира превоз со придружник на групата, до местото кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.

Локација

PR4R+G2, Kato Agios Markos 490 83, Greece

Отвори во Google Maps