Прескокни кон содржината
Венеција за 8-ми Декемрви 2026

Венеција за 8-ми Декемрви 2026

ДЕКЕМВРИ Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

ДЕКЕМВРИ

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Венеција – градот на мостовите, каналите и вечната романтика – претставува едно од најнеобичните и највпечатливи места во светот. Изградена на над 100 мали острови во Јадранското Море, оваа магична дестинација плени со својата уникатна архитектура, богата историја и уметничко наследство. Гондолите што нежно лизгаат низ каналите, величествениот плоштад Сан Марко, скриените улички и мистичните мостови создаваат атмосфера што ја претвора секоја прошетка во бајка. Венеција не е само град – таа е емоција, културно богатство и инспирација која опстојува со векови, оставајќи траен белег кај секој кој ќе ја посети.

Што е вклучено

Вклучено

  • 3 ноќевања во хотел со појадок
  • Авионски билет Скопје – Венеција – Скопје
  • 8 кг рачен багаж – 40x30x20 cm. (Wizz Air)
  • Трансфер од Аеродром – Хотел – Аеродром
  • Превоз до наведените релации
  • Лиценциран придружник

Не е вклучено

  • Патничко осигурување
  • Туристичка такса ( 5 евра по лице по ноќ – се плаќа на рецепција)
  • Индивидуални трошоци (влезници за музеите)
  • Багаж над 10 КГ – информации во агенција
  • Посета на Падова ,Тревизо и Венција и локален водич во Венеција со слушалки-50 евра се плаќа на лице место ЗАДОЛЖИТЕЛНА

Програма

  1. 1ПРВ ДЕН 06.12.2026 недела — Собир на Скопскиот аеродром во 15:00ч. Полетуваме за Венеција во 17: 00ч. Пристигнување и трансфер до хотелот во Мештре и околината на Мештре. Во попладневните часови ја посетуваме Венеција и имаме разглед со локален водич. Ноќевање.
  2. 2ВТОР ДЕН 07.12.2026 понеделник — По појадокот, се упатуваме кон Падова, еден од најубавите градови во северна Италија, местото каде што се наоѓа најголемата катедрала на Св. Антонио, и вториот најстар универзитет во светот. Потоа се упатуваме кон Тревизо, малото градче каде што е започната традицијата на еден од најголемите модни брендови BENETТON, и родното место на познатиот десерт Тирамису. Враќање во хотел. Ноќевање
  3. 3ТРЕТ ДЕН 08.12.2026 вторник — По појадокот во хотел групата се упатува кон Венеција. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.
  4. 4ЧЕТВРТИ ДЕН 09.12.2026 среда — По појадок во хотелот, слободно време до организираниот трансфер до аеродромот во 13:10. Летот за Скопје е во 15:30.

Излети

  • Посета на Падова ,Тревизо и Венција и Локален Водич во Венеција со слушалки