Прескокни кон содржината
Будимпешта и Виена за 23-ти Октомври 2026 авио

Будимпешта и Виена за 23-ти Октомври 2026 авио

ОКТОМВРИ Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

ОКТОМВРИ

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.


Будимпешта е главниот град на Унгарија и e еден од најубавите и најромантичните европски градови.Се наоѓа на реката Дунав,која го дели градот на два дела Буда(со ридови,историски делови и замоци) и Пешта(модерниот и жив дел со булевари,кафулиња и продавници).Будимпешта е комбинација од историја,архитектура,бањи,романтика и модерен живот.Место каде што секој наоѓа нешто по свое.

ВИЕНА – Престолнина на една од најзначајните европски империи, царски град и место на вкрстување на разни култури и влијанија, една од најстарите метрополи во срцето на Европа, денес главен град на Австрија. Со своето културно и архитектонско наследство, со својот шарм и раскош привлекува милиони туристи од целиот свет.

Што е вклучено

Вклучено

  • 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Будимпешта
  • Директен лет на релација Скопје–Будимпешта -Скопје
  • Аеродромски такси
  • Мала кабинска торба со димензии 40x25x20cm; ( дозволено едно парче багаж )
  • Организирани трансфери: аеродром Будимпешта – хотел – аеродром Будимпешта
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

Не е вклучено

  • Влезници за локалитети (музеј, замоци и слично)
  • Туристичка такса 5е од ноќ од соба (се плаќа на рецепција)
  • факултативни излети 50 евра-разглед на Будимпешта и Виена со локален водич ЗАДОЛЖИТЕЛНА се плаќа на лице место
  • Факултативен излет Крстарење по Дунав 25е пријавување при резервација,плаќање на лице место
  • Доплата за еднокреветна соба 150е

Програма

  1. 1Прв ден 23.10.2026 ПЕТОК — Состанок со групата на аеродромот во Скопјe во 09:45 часот. Планирано полетување кон Будимпешта е во 11:55 часот. Предвидено пристигнување во Будимпешта е во 14:00ч . Организиран трансфер од аеродром до хотел. Сместување и време за одмор. Вечерта органзирана прошетка од пратителот на групата. Можност за пријатна вечера или уживање во некој пијалок.
  2. 2Втор ден 24.10.2026 САБОТА — Појадок. Во однапред договорено време се уплатуваме на разглед на градот со локален водич: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав. Меморијалот на “Садот со чевли” – Овој меморијал се наоѓа на брегот на Дунав и е важен историски споменик посветен на жртвите на Холокаустот. Интересен и силен спомен, кој носи многу емоции. Во договорено време организиран факултативен излет каде што следува вечерно крстарење со брод по Дунав (факултативно). Останатите патници кои нема да дојдат на крстарењето имаат време за индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање.
  3. 3Трет ден 25.10.2026 НЕДЕЛА — Појадок. По појадокот целодневна факултативна посета на Виена со јавен транспорт. Панорамски разглед на градот: Плоштадот Рингштрасе,Плоштадот Рингштрасе во Виена е еден од најпознатите и најимпресивни булевари во Австрија, кој е препознатлив по својата величествена архитектура и културно-историски значај. Тој е важен дел од историјата на Виена и го опкружува историскиот центар на градот. Операта,Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата,Белведере, Катедралата Св. Стефан (или Стефанкирхе, како што ја нарекуваат на германски) е една од најпознатите и најзначајни цркви во Виена, и е симбол на градот. Се наоѓа во центарот на Виена, на познатиот плоштад Штефансплатц, и е едно од најпознатите архитектонски обележја на Австрија., Зимскиот дворец Хофбург. Слободно време за индивидуални прошетки,во центарот на Виена. Во договорено време враќање кон Будимпешта. Ноќевање.
  4. 4Четврт ден 26.10.2026 ПОНЕДЕЛНИК — Појадок. После појадокот, одјавување од хотелот. Слободно време за индивидуални прошетки. Може да уживате во преубаво кафе или во некој домашен специјалитет. По договор со претставникот, поаѓање со трансфер кон аеродоромот во Будимпешта. Време на полетување од Будимпешта е во 14:20 часот.

Излети

  • Разглед на Будимпешта и Виена со локален водич
  • Ноќно крстарење по Дунав (крстарење+чаша шампањ)