Прескокни кон содржината
Прага за 23-ти Октомври 2026
Повлечи за повеќе слики

Прага за 23-ти Октомври 2026

ОКТОМВРИ Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

ОКТОМВРИ

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Прага е главен град и најголем град на Чешката Република сместен во средината на Бохемија на реката Влтава. На градот му беа потребни единаесет века за да го добие изгледот што го знаеме денес. Денес зафаќа површина од 496 квадратни километри и има околу 1 386 000 жители.Чешката престолнина Прага е добитна комбинација на боемската историја, уметничкиот шарм и некои од најдобите пива во светот. Град зрел за урбана авантура, преку мостовите на реката Влтава, најголемиот замок во светот, до меандерот низ калдрмните улици и средновековните плоштади.

Што е вклучено

Вклучено

  • 3 ноќевања со појадок
  • Авионски билет Скопје-Прага-Скопје
  • Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)
  • Трансфер аеродром-хотел-аеродром
  • Лиценциран туристички придружник за време на патувањето

Не е вклучено

  • Патничко осигурување
  • Туристичка такса 5е од ноќ од соба ( се плаќа на рецепција)
  • Индивидуални трошоци (влезници за музеите, билети за јавен транспорт)
  • Факултативен излет ЗАДОЛЖИТЕЛЕН Посета на Карлови Вари и разглед на Прага со локален водич 50евра по лице (се плаќа на лице место)

Програма

  1. 1Прв ден 23.10.2026 Петок — Средба на патниците на аеродромот Скопје во договореното време. Два часа пред полетувањето на авионот.Летот е во 10:40 часот. По пристигнувањето на аеродромот во Прага, по завршувањето на царинската формалност, трансфер до хотелот и сместување. Прошетка до ценарот,слободно време. Враќање во хотел. Ноќевање.
  2. 2Втор ден 24.10.2026 Сабота — Појадок. После појадок, заминување со јавен превоз и пеш за обиколка на Чешката престолнина, Храдчани со најголемиот средновековен замок во светот; Прашкиот замок, Белведере, Претседателската палата, Катедралата Свети Вит, Базиликата Свети Ѓорѓи, Новата кралска палата и Розенберговата палата со можност за самостојна посета на Златната уличка. Преминување на Карловиот мост – една од најголемите знаменитости на Прага и идеално место за фотографирање. Прошетка низ центарот на градот до Староместске намести – најпознатиот и најубавиот плоштад во Прага опкружен со историски градби како што се познатиот Астрономски часовник, кој се смета за едно од најголемите богатства на Прага повеќе од 600 години, и црквата Тин, една од најимпресивните готски цркви во светот, која доминира во околината со своите две кули и висока 80 метри. Слободно време за одмор и ручек во центарот на Прага. Во попладневните часови препорачуваме крстарење по Влтава со водена разгледница од бродот. Додека бродот плови во близина на Еврејската четврт, ќе се прошетаме покрај Старата Нова Синагога – една од најстарите готски градби во Прага и Еврејските гробишта – место кое долго време ги привлекува сите мистици на Европа и едно од најважните историски знаменитости на Прага со многу легенди. Заминување кон хотелот и слободно време за релаксација. Вечерта препорачуваме вечера во еден од типичните прашки пабови и уживање во специјалитетите на чешката кујна. Ноќевање.
  3. 3Трет ден 25.10.2026 Недела — Појадок. По појадокот заминуваме за Карлови Вари, бајнски центар,мондемско место, колоритно гратче полно со историја и легенди…Посета на трите колонади, Термалниот извор или гејзер Вридло е природен феномен кој исфрла термална вода до 12 метри и 2000 литри во минута. Овој извор денес се користи за термални бањи, Изворот се наоѓа во внатрешноста на Колонадата на топлите извори, која првично била изградена во 1975 година, но подоцна била претворена во модерна зграда од стакло-бетон…Православната црква „Свети Петар и Павле“ е величествена градба изградена во византиски црковен стил. Надворешноста е импресивна поради нејзините пет позлатени куполи. Внатрешноста е богато украсена со декоративни фигури и ѕидни слики. Она што го привлекува вниманието на сите е дрвениот иконостас со слики во масло на светци, кој е изработен за Светската изложба во Париз во 1900 година…Слободно време за ручек…во договоено време со водичот се упатуваме кон Прага. Ноќевање.
  4. 4Четврти ден 26.10.2026 Понеделник — Појадок…По појадокот, прошетка до Прага. Може да пробате сладок специјалитет trdelnik – вкусно печиво полнето со крем или сладолед или да се напиете од добро познатото чешко пиво за на крај да ја засладите оваа прошетка,се до превземање на трансферот од хотел до Аеродром… Полетување кон Скопје во 21:20 часот.