Прескокни кон содржината
Прага (09.10.2026 - 12.10.2026 )
Повлечи за повеќе слики

Прага (09.10.2026 - 12.10.2026 )

ОКТОМВРИ Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

ОКТОМВРИ

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Прага и Карлови Вари – Доживејте ја магијата на Чешка

Подарете си незаборавно патување во срцето на Европа и откријте ги убавините на Прага и Карлови Вари – две дестинации кои пленат со својата историја, архитектура и единствена атмосфера.

Прага, позната како „градот на стоте кули“, ќе ве воодушеви со своите живописни улици, величествени градби и безвременски шарм. Прошетајте низ историскиот центар, преминете преку познатиот Карлов мост, уживајте во погледот кон реката Влтава и откријте ги тајните на еден од најубавите европски градови.

Патувањето продолжува кон Карлови Вари – најпознатиот бањски град во Чешка, прочуен по своите термални извори, раскошни колонади и елегантна архитектура. Градот нуди мирна и префинета атмосфера, идеална за прошетки, релаксација и уживање во природните убавини и локалните специјалитети.

Ова патување е совршен избор за љубителите на културата, историјата и европската архитектура, но и за сите кои сакаат да доживеат нови места, незаборавни пејзажи и автентична чешка традиција.

Придружете ни се и создадете спомени што ќе траат засекогаш, истражувајќи две од највпечатливите дестинации во Европа – романтичната Прага и елегантниот Карлови Вари.

Што е вклучено

Вклучено

  • 3 ноќевања со појадок во хотел со 3*
  • Авионски билет Скопје-Прага-Скопје
  • Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)
  • Трансфер аеродром-хотел-аеродром
  • Лиценциран туристички придружник за време на патувањето

Не е вклучено

  • Патничко осигурување
  • Туристичка такса 5е од ноќ од соба ( се плаќа на рецепција)
  • Разглед на Прага , и посета на Карлови Вари – 50 евра пакет екскурзија ЗАДОЛЖИТЕЛНА ( плаќање на лице место )

Програма

  1. 1ПРВ ДЕН (09.10.2026) — ПЕТОК – Состанок на водичот заедно со патниците на аеродромот во Скопје, два часа пред полетувањето. Летот е во 10:40 h наутро. По пристигнување на аеродромот во Прага, по завршување на царинска формалност, трансфер до хотелот и сместување. Прошетка до центарот,слободно време. Враќање во хотел. Ноќевање.
  2. 2ВТОР ДЕН (10.10.2026 ) — САБОТА – Појадок. После појадок, заминување со јавен превоз и пеш за обиколка на Чешката престолнина, Храдчани со најголемиот средновековен замок во светот; Прашкиот замок, Белведере, Претседателската палата, Катедралата Свети Вит, Базиликата Свети Ѓорѓи, Новата кралска палата и Розенберговата палата со можност за самостојна посета на Златната уличка. Преминување на Карловиот мост – една од најголемите знаменитости на Прага и идеално место за фотографирање. Прошетка низ центарот на градот до Староместске намести – најпознатиот и најубавиот плоштад во Прага опкружен со историски градби како што се познатиот Астрономски часовник, кој се смета за едно од најголемите богатства на Прага повеќе од 600 години, и црквата Тин, една од најимпресивните готски цркви во светот, која доминира во околината со своите две кули и висока 80 метри. Слободно време за одмор и ручек во центарот на Прага. Заминување кон хотелот и слободно време за релаксација. Вечерта препорачуваме вечера во еден од типичните прашки пабови и уживање во специјалитетите на чешката кујна. Ноќевање.
  3. 3ТРЕТ ДЕН (11.10.2026) — НЕДЕЛА – Појадок. По појадокот заминуваме за Карлови Вари, бајнски центар,мондемско место, колоритно гратче полно со историја и легенди…Посета на трите колонади, Термалниот извор или гејзер Вридло е природен феномен кој исфрла термална вода до 12 метри и 2000 литри во минута. Овој извор денес се користи за термални бањи, Изворот се наоѓа во внатрешноста на Колонадата на топлите извори, која првично била изградена во 1975 година, но подоцна била претворена во модерна зграда од стакло-бетон…Православната црква „Свети Петар и Павле“ е величествена градба изградена во византиски црковен стил. Надворешноста е импресивна поради нејзините пет позлатени куполи. Внатрешноста е богато украсена со декоративни фигури и ѕидни слики. Она што го привлекува вниманието на сите е дрвениот иконостас со слики во масло на светци, кој е изработен за Светската изложба во Париз во 1900 година… Слободно време за ручек…во договорено време со водичот се упатуваме кон Прага. Ноќевање.
  4. 4ЧЕТВРТИ ДЕН ( 12.10.2026 ) — ПОНЕДЕЛНИК – Појадок. По појадокот, прошетка до Прага. Може да пробате сладок специјалитет trdelnik – вкусно печиво полнето со крем или сладолед или да се напиете од добро познатото чешко пиво за на крај да ја засладите оваа прошетка,се до превземање на трансферот од хотел до Аеродром. Полетување кон Скопје во 15:45h.

Излети

  • ЛОКАЛНО РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ПРАГА И КАРЛОВИ ВАРИ ( ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ ) — Прага – Срцето на Чешка Прага е главен град на Чешка и една од најубавите европски метрополи, позната по својата богата историја, зачувана архитектура и неповторлив амбиент. Градот плени со своите калдрмисани улици, живописни плоштади и бројни историски знаменитости. За време на престојот ќе имате можност да ги почувствувате убавините на Стариот град, да го видите познатиот Астрономски часовник, да прошетате по Карловиот мост, како и да уживате во панорамскиот поглед од Прашкиот замок – еден од најголемите и најзначајните замочни комплекси во светот. Богатата гастрономска понуда, традиционалните чешки специјалитети и бројните кафулиња и ресторани дополнително го збогатуваат престојот во градот. Карлови Вари – Светски познатата бањска оаза На само неколку часа од Прага се наоѓа Карлови Вари – најпознатиот бањски град во Чешка и една од најпрестижните спа-дестинации во Европа. Основан во 14 век, градот е познат по своите термални минерални извори, елегантни колонади и раскошна архитектура. Карлови Вари располага со повеќе минерални извори со различни температури, кои со векови се користат за релаксација и велнес. Освен по лековитите води, градот е препознатлив и по Меѓународниот филмски фестивал, традиционалните бањски наполитанки (Karlovarské oplatky) и познатиот билен ликер Becherovka. Комбинацијата од природна убавина, мирна атмосфера и богато културно наследство го прави Карлови Вари идеално место за одмор, прошетки и уживање. Доживејте две од највпечатливите чешки дестинации – романтичната Прага и елегантниот Карлови Вари. Историја, култура, прекрасна архитектура и незаборавни моменти ве очекуваат на секој чекор!