
SUNBERK HOTEL
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Сиде
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Локација
Хотелот се наоѓа во регионот Кумкој, на 800 м од центарот на Сиде и 65 км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Стандардни соби со спална соба, една бања, капацитет 2+1 лице.
Семејни соби две одделни спални соби, со бања, капацитет за 4 лица
Секоја соба располага со бања со туш, фен, сплит клима систем, телефонска линија, мини бар (само вода по пристигнување), сеф (со доплата), сателитска ТВ и музички канали, балкон или тераса.
Услуга
All Inclusive (сè вклучено) врз основа на шведска маса - самопослужување, избор од неколку јадења за појадок, ручек и вечера, попладневно кафе, чај и колачи, домашни алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00 до 23:00 часот.
Со доплата: свежо цедени овошни сокови, увозни пијалоци, флаширани пијалоци, специјални вина, турско кафе, услуга во соба, пијалоци во диско барот, пијалоци по 23:00 часот.
Содржина
Главен ресторан, барови во хотелскиот комплекс, лоби бар.
Со доплата: лекарска услуга, услуга за перење и хемиско чистење, услуга за пеглање, телефон, факс, продавници, изнајмување автомобил, Wi-Fi.
Спорт и забава
Отворени базени за деца и возрасни, пинг-понг, пикадо, детско игралиште, турска вечер еднаш неделно.
Со доплата: спортови на вода, турска бања, масажа.
Плажа
Песочната и камчестата плажа на хотелот е оддалечена 800 метри од хотелот. Лежалките и чадорите за сонце се бесплатни.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Side, Begonya Sk. No: 33, 07330 Manavgat/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps