
SIDE SU HOTEL
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Сиде
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Локација
Хотелот е оддалечен 60 км од аеродромот во Анталија и 2 км од античкиот град Сиде, што е одлична локација за активен одмор и прошетки во стариот дел на градот.
Сместување
Хотелот е отворен е во 2014 година и се протега на површина од 5.440 м2, вкупно има 5 згради од кои една на осум ката и четири згради по три ката. 103 стандардни соби (максимум 3 лица, француски кревет или два одделни кревети, за дополнително лице/дете дополнителен помошен кревет, со големина од 17-24 м2) и 23 делукс соби (максимум 3 лица, француски кревет или два одделни кревети, за дополнително лице/дете дополнителен помошен кревет, со големина од 78 м2).
Сите соби содржат: бања, индивидуална климатизација, телевизор, телефон, фен за коса, сеф (со доплата), мини бар (вода секој ден, бесплатно), WiFi (бесплатно), бокал за цај и кафе, балкон.
Хотелот е наменет само за лица над 16 години
Услуга
Хотелската услуга е All Inclusive (се вклучено) појадок, ручек и вечера на швеска маса избор од повеќе јадења. Локални алкохолни и безалкохолни пијалоци.
Со доплата: свежо цедени сокови, турско кафе.
Содржина
Хотелот располага со главен ресторан и 3 бара.
Со доплата: фризерски услуги, масажи, салон за убавина, билијард, моторни спортови на вода, лекарски услуги, перење алишта, пеглање и хемиско чистење, сеф, пијалоци од мини-бар, собна услуга.
Спорт и забава
Хотелските гости на располаганје имаат 3 бара, 3 базени, амам, сауна, парна бања, фитнес центар, пинг-понг, пикадо, wifi интернет.
Плажа
Хотелот има свој дел од песочната и камчестата плажа оддалечена 300 м., чадорите за сонце и лежалките се бесплатни. Ограничен број на лежалки за гостите на плажа. Крпите за базенот и плажата се бесплатни (крпите се менуваат со депозит). Хтелот нема сопствен бар или снек бар на плажата.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Side, Özal Cd. No: 46, 07330 Manavgat/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps