Прескокни кон содржината
SIDE CROWN PALACE
Повлечи за повеќе слики

SIDE CROWN PALACE

СидеUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Сиде

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во Евренсеки на 7 km од Сиде и 60 km од аеродромот во Анталија.

Сместување

Вкупно 513 соби во главна зграда и анекс згради.
Standard rooms (28 m², една спална соба, купатило, макс. 2+1 лице).
Economy rooms without balcony (15 m², се наоѓаат на последниот кат, една спална соба, едно купатило, макс. 2 лица).
Deluxe rooms (32 m², на страната од базенот, една спална соба, едно купатило макс. 2+1 лице).
Family rooms (45 m², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс. 4 лица).
Сите соби имаат купатило со туш, фен, сплит клима уред, мини бар (вода и сокови се дополнуваат секој ден), сеф, сателитска ТВ и музички канали, под со ламинат, балкон, Wi-Fi интернет.

Услуга

Ултра Сѐ вклучено – 24 часа услуга со храна и пијалаци -  шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, утрински и попладневни закуски, вечерно бифе до 02:30, вегетаријанско, детско и бебешко катче во главниот ресторан, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, À la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш во текот на престојот, сладолед во одредени часови во денот, пијалаци и закуски во бар на плажа од 10:00-17:30 часот.
Не е вклучено: увозни пијалаци кои не се на менито, специјални вина, сите пијалаци во шише и лименки, свежо цедени сокови, , услуга во соба, пијалаци во диско клубот.

Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани (италијански, турски, морска кујна), барови околу целиот хотелски комплекс, бар на плажа со закуски.
Дополнително се наплаќа: доктор, чување деца, перална и хемиско чистење, фризер, телефон, интернет, продавници, изнајмување кола. WI-FI интернет е бесплатен во хотелот и на плажа.

Плажа

Хотелска песочна плажа на 400 m од хотелот. Лежалките, чадорите за сонце и крпите се бесплатни. Има бесплатен шатл превоз од хотелот до плажата.

Спорт и забава

Внатрешни и надворешни базени за деца и возрасни, тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, парна бања, пинг-понг, одбојка на плажа.
Дополнително се наплаќа: спортови на вода, билијард, спа центар и масажа.
Забавни програми во текот на денот, натпревари на плажа и покрај базен, вечерни шоу прогрми. Мини клуб за деца од 4-12 години со различни активности и програми.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Evrenseki, Sahil Cd. No:21/26, 07600 Manavgat/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps