
PALMORA LARA HOTEL
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Лара
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Локација
Хотелот се наоѓа во областа Кунду на 11 км од аеродромот во Анталија и на 27 км од центарот на Анталија.
Сместување
Стандардни тераса соби (28-30 м², една спална со француски кревет + софа, едно купатило, макс.2+1лица). Стандардни соби (16-18 м², една спална со француски кревет, едно купатило, макс.2 лица). Фамилијарни соби (36 м², една спална соба со француски кревет, втората спална соба е со кревети на кат и една софа, има врата помеѓу нив, едно купатило, макс.2+2 лица). Економски фамилијарни соби (36 м², една спална соба со француски кревет, втората спална соба е со кревети на кат и една софа, има врата помеѓу нив, едно купатило, макс.2+2 лица). Сите соби се со купатило со туш кабини, фен, клима, телефон, мини бар (безалкохолни пијалоци на пристигнување), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, ламинатен под, сателитска ТВ и музички канали, балкон или француски балкон.
Услуга
Ултра Сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, торти, чај, кафе, вечера. Сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00-02:00, сладолед во определени часови, ужина на плажа од 10:00-18:00 со безалкохолни пијалоци и пиво, À la Carte ресторан со претходна резервација и еднаш за време на престојот. Премиум увозни пијалоци, флаширани пијалоци, услуга во соба, пијалоци по 02:00, свежо цедени сокови, наргиле дополнително се наплаќаат.
Содржина
Главен ресторан со шведска маса, еден À la Carte ресторан: турски и рибен, лоби бар, бар крај базенот, бар на плажа. Доктор, перална, фризер, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, трговски центар, изнајмување кола дополнително се наплатуваат. WI-FI интернет конекција во собите, јавни површини и во лобито е бесплатна.
Плажа
Хотелска плажа, камчиња со песок, на 1000м од хотелот. Лежалки на плажа, чадори за сонце и крпи за на плажа се бесплатни.
Спорт и забава
Отворени базени за возрасни и деца, лизгалици на вода, сауна, турска бања, фитнес центар, пинг понг, одбојка на плажа. Спортови на вода, масажа & спа центар дополнително се наплаќаат.
Забавни програми во текот на денот и вечерни шоу програми. Мини клуб за деца од 4-12 години, детско игралиште, навечер мини диско.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
VV7W+H6 Aksu, Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps