
MAX NOVA HOTEL
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Аланија
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Локација
Хотелот се наоѓа на 6 км од градот Аланија и 140 км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Хотелот е отворен во 2000 година а реновиран е 2019 година. Хотелска зграда на 6 ката со лифт и располага вкупно со 68 соби.
33 standard rooms - стандардна соба со големина од 18 м2 капацитет за 3 лица.
34 large room - семејни соби со големина од 27 м2, капацитет за 4 лица.
Сите соби се опремени со сопствен тоалет со тоалетни производи,фен за коса, мини-барн, сеф (со доплата), простран плакар, телефон, ТВ.
Услуга
All inclusive - се вклучено, појадок, ручек и вечера на шведска маса во хотелскиот ресторан со вклучени алкохолни и безалкохолни локални пијалоци во хотелските барови.
Содржина
24-часовна рецепција, Wi-Fi во лобито (бесплатно), ресторан, два бара, бесплатен паркинг.
Со доплата: услуга во соба, лекарски повик, перење на алишта.
Спорт и забава
Отворен базен за возрасни и деца, детски клуб, детски базен, пикадо, одбојка на плажа, анимациии, аеробик во вода. Чадори за сонце и лежалки покрај базенот се бесплатни, крпи за базен со доплата.
Со доплата: услуги за чување деца, спорт на вода, масажи,
Плажа
Хотелот се наоѓа на 150 м од морето, поседува приватно плажа со песок и камчиња. Чадори, лежалки на плажа се бесплатни, крпи за плажа со доплата.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
MAX NOVA HOTEL, Tosmur, Gündoğan Sk. 5/A, 07400 Alanya/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps