Прескокни кон содржината
GRAND BARHAN HOTEL
Повлечи за повеќе слики

GRAND BARHAN HOTEL

АланијаAll Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Аланија

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Локација

Хотелот се наоѓа во регионот Обагол, на 3 км од центарот на Аланија и 130 км од аеродромот во Анталија.

Сместување
Хотелот Гранд Бархан 4* е реновиран во 2023 година вкупно има 102 сместувачки единици.
Double Room with Balcony
Стандардна соба со поглед на градина (18 м2, спална соба со француски кревет + 1 единечен кревет, бања, капацитет 2+1 лица).
Double Room with Sea View
Стандардна соба со поглед на море (18 м2, спална соба со француски кревет + 1 единечен кревет, бања, капацитет 2+1 лица).
Standard Quadruple Room
Стандардна соба со поглед на градина (26 м2, спална соба со француски кревет, еден единечен кревет и еден кревт на кат, бања, капацитет 4+1 лица).
Standard Family Room
Стандардна соба со поглед на базен (30 м2, спална соба со француски кревет, и три единечни кревети, бања, капацитет 4+1 лица).
Секоја сместувачка единица има бања со туш, фен за коса, клима уред, директна телефонска линија, сеф (со доплата), мини бар (вода се надополнува дневно), плочки или ламинатен под, сателитска телевизија, балкон.

Услуга
Сè вклучено на база на отворен шведска маса - самопослужување, избор од неколку јадења (шведска маса) за појадок, ручек, вечера, попладневно кафе, чај, колачи, стандардни домашни безалкохолни пијалоци од 10:00 до 23:00 часот.
Со доплата: увозни пијалоци, флаширани пијалоци, специјални вина, свежо цедени овошни сокови, сладолед, услуга во соба, турско кафе, храна и пијалоци на плажа.

Содржина
Главен ресторан со отворен шведска маса, лоби бар, бар на базенот и на плажа. Wi-Fi е бесплатен во лобито.
Со доплата: лекар на барање, услуги за перење, телефон, факс, изнајмување автомобил.

Спорт и забава
Надворешни базени за возрасни и деца, фитнес, сауна, турска бања.
Со доплата: масажа, спортови на вода.

Плажа
Хотел Гранд Бахран 4* е оддалечен 50 метри од песочната и камчестата плажа. Лежалките и чадорите за сонце се бесплатни.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Oba, Atatürk Caddesi No: 39, 07400 Alanya/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps