
DREAM WORLD PALACE
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Сиде
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Колакли, оддалечен 53км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби 500. Стандардни соби (22м², една спална соба, купатило, мах. 2+1 лице), Фамилијарни соби (38м², две спални соби одделени со врата, купатило, мах. 4 лица) и 3 соби за хендикепирани лица. Сите соби се опремени со купатило со туш, фен, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, мини бар (вода и минерална вода се дополнува секој ден), сеф (со доплата), сателитска телевизија и музички канали, ламинат, балкон.
Услуга
Се вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, утрински и попладневни закуски, вечера, доцни вечерени закуски и ран утрински појадок, сладолед во одредени часови од денот, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00-00.00 часот, A’la Carte ресторани со предходна резервација и еднаш во тек на престој, бар на плажа од 10.00-17.30 часот. Не е вклучено: сите увозни пијалоци, флаширани пијалоци, специјални локални и увозни вина, свежо цедени сокови, витамин бар, цевки за вода, собна услуга, пијалоци во диско клубот.
Содржина
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани: италијански, турски и рибен ресторан, барови во лоби, покрај базен и на плажа. Со доплата: доктор, чување на деца, перална и хемиско чистење, телефон, интернет и компјутерски игри, фризер, шопинг центар, изнајмување на автомобил.
Плажа
Хотелска приватна, песочна плажа, оддалечена 400м од хотелот. Лежалките, чадорите за сонце и пешкирите се бесплатни. Има бесплатен шатл превоз од хотел до плажа.
Спорт и Забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, нов аква парк, фитнес центар, турска бања, сауна, пинг-понг, одбојка на плажа. Со доплата: масажа, велнес и спа центар, спортови на вода. Забавни програми во текот на денот, натпревари, шоу програми навечер. Мини клуб за деца од 04-12 години.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Çolaklı, Turizm Cd. No:61/1, 07620 Manavgat/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps