
DREAM WATER WORLD HOTEL
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Сиде
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Локација
Хотелот Dream Water World 5* се наоѓа во регионот Кумкој (Kumköy), на 6 км од Сиде и 55 км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Хотелот располага со 360 соби, сите сместени во главната хотелска зграда.
Стандардна соба – Style 1 (25 м²) – спална соба, бања, максимален капацитет 2 возрасни + 1 дете.
Стандардна соба – Style 2 (30 м²) – спална соба, бања, максимален капацитет 2 возрасни + 2 деца.
Deluxe Swim Up соба (25 м²) – спална соба, бања, директен пристап до базен, наменета само за возрасни, максимален капацитет 2 лица.
Семејна соба – Style 1 (38 м²) – две спални соби одделени со врата, една бања, максимален капацитет 4 лица.
Семејна соба – Style 2 (38 м²) – две спални соби одделени со врата, две бањи, максимален капацитет 4 возрасни + 1 дете.
Сите соби во хотелот Dream Water World 5* се опремени со:
Бања со туш-кабина
Фен за коса
Централна климатизација
Директна телефонска линија
Мини-бар (секојдневно дополнување со вода)
Сеф (со доплата)
Ламинатен под
LCD телевизор
Бесплатен Wi-Fi интернет
Балкон или тераса
Услуга
Хотелот работи според концептот All Inclusive (Сè вклучено), кој опфаќа:
Појадок (шведска маса)
Доцен појадок
Ручек
Вечера
Попладневна ужина
Вечерна ужина
Ран појадок
Локални алкохолни и безалкохолни пијалаци од 10:00 до 24:00 часот
Мини-бар во собите
Сладолед во одредени термини
Една вечера во A'la Carte ресторан за време на престојот (со претходна резервација)
Бар на плажа кој работи од 10:00 до 17:30 часот
All Inclusive концептот не вклучува:
Увозни алкохолни пијалаци
Домашни и увозни флаширани вина
Увозен шампањ
Турско кафе
Свежо цедени овошни сокови
Пијалаци во дискотеката
Room Service (услуга во соба)
Содржина
Хотелот располага со:
Главен ресторан со шведска маса
A'la Carte ресторани:Турски ресторан
Италијански ресторан
Рибен ресторан
Бар покрај базен
Бар на плажа
Лоби бар
Услуги со доплата
Согласно хотелската политика, со дополнителна доплата се користат:
Докторски услуги
Чување деца
Перење и пеглање алишта
Продавници
Телефон и факс
Интернет катче
Компјутерски игри
Rent-a-Car
Wi-Fi интернетот во хотелското лоби е бесплатен.
Плажа
Хотелот располага со сопствена песочна плажа, оддалечена 350 метри.
На гостите им се обезбедени бесплатни:
Лежалки
Чадори за сонце
Пешкири за плажа
До плажата е организиран бесплатен шатл-превоз.
Спорт и забава
На располагање на гостите се:
Надворешни базени за возрасни и деца
Внатрешен базен (не работи во летната сезона)
Аквапарк со 18 тобогани
Фитнес центар
Турска бања (хамам)
Сауна
Одбојка на плажа
Пинг-понг
Дневна анимациска програма
Вечерни шоу-програми
Мини клуб за деца (4–12 години)
Детско игралиште
Мини дискотека
Со дополнителна доплата
Масажи
SPA и козметички третмани
Билијард
Спортови на вода
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Ilıca, Kumköy Cd., 07600 Manavgat/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps