
BLUE BEACH ALANYA
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Alanya
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Локација
Се наоѓа во крајбрежно населено место Avsallar, само 25 km од центарот на Alanya и 100 km од меѓународниот Аеродром Антилија.
Сместување
Хотелот располага со вкупно 440 соби, вклучувајќи 4 соби прилагодени за лица со инвалидитет, поделени во три категории:
Стандардна соба (409 соби) – 18–35 m² (со балкон), капацитет 1–3 лица
Економска соба (10 соби) – 18–35 m² (со балкон), капацитет 1–3 лица
Семејна соба (17 соби) – 50 m², со сепаратна врата/преграда, две спални, капацитет 4–6 лица
Секоја соба е опремена со:
Балкон/тераса, Тепих и ламинат под, LCD телевизор со сателитска програма, Безжичен интернет (со надомест), Фен за коса, Мини бар, Каса за вредни предмети, Сплит клима уред, Бањарски мантил, Twin или French кревет, Можност за бебешко креветче и дополнителен кревет, Противпожарен аларм
Услуги
Во All Inlusive концептот, домашните алкохолни и безалкохолни пијалаци, алкохолни и безалкохолни коктели, како и топли пијалаци се вклучени во цената.
Оброци во Главен ресторан (систем на отворен бифе):
Појадок: 07:00 – 10:00
Ручек: 12:30 – 14:30
Вечера: 19:00 – 21:00
Ноќна супа: 23:00 – 24:00
Снек ресторан:
Снек сервис: 12:00 – 15:00
Посластичарница (лоби на Плаза блок):
10:00 – 18:00 – топли пијалаци и колачи
Бар услуги:
Лоби бар (Главен блок): 10:00 – 23:00
Бар на базен : 10:00 – 23:00
Мини бар: се полни еднократно со вода на денот на пристигнување.
ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ (СО НАДОМЕСТ)
Трансфер до/од аеродром, Перална, пеглање и хемиско чистење, Водени спортови (приватен оператор на плажата), Медицински услуги (лекар/медицинска сестра), Пијалаци кои не се вклучени во концептот
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Пријавување (check-in): 14:00 ч.
Одјавување (check-out): 12:00 ч.
Хотелот не прифаќа домашни миленици
На гостите под 18 години не им се служат алкохолни пијалаци
Во хотелот се зборуваат турски, англиски, германски и руски јазик
Прифатени кредитни картички: Visa, Mastercard
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Avsallar, İncekum Cd., 07410 Alanya/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps