Прескокни кон содржината
BIJAL RESORT
Повлечи за повеќе слики

BIJAL RESORT

СидеPremium All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Сиде

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Локација

Хотелот е оддалечен 73 км од Аеродромот во Анталија и 3,7 км Античкиот град Сиде.

Сместување

Хотелот располага со вили со една, две, три и четри спални соби.
One Bedroom Villa
Пвршина од 71 м² внатрешен и 322 м² надворешен простор со приватен затоплен базен, со поглед на градина.
Вилата располага со дневна, една спална со екстра голем брачен кревет и една бања.
Two Bedroom Villa
Површина од 124 м² внатрешен и 245 м² надворешен простор, со приватен затоплен базен, поглед на градина.
Вилата располага со дневна соба со трпезарија и софа кревет, две спални соби, во првата спална соба има екстра голем брачен кревет, во втората спална соба има два одделни кревети, спалните се со звучна изолација, две бањи,
Three Bedroom Villa
Површина од 171 м² внатрешен и 346 м² надвирешен простор со приватен затоплен базен, поглед на градина.
Вилата располага со дневна соба со трепезарија и софа кревет, три спални  од кои во двете спални има екстра голем брачен кревет во третата соба има два одделени кревети, спалните се со звучна изолација и три бањи
Four-Bedroom Villa
Површина од 290 м² внатрешен и  769м² надвирешен простор со приватен затоплен базен, поглед на градина.
Вилата располага со дневна соба со трепезарија и софа кревет, четри спални од кои во две спални соби има екстра големи брачни кревети, а во остантите 2 спални има по два оделни кревти, спалните се  со звучна изолација. четри бањи.
Сите вили се опремени со телевизори со рамен екран, бар, кафемат, сеф, приватен батлер сервис, сопствена бања и бесплатни органски козметички производи. Дизајнерска чанта, меки крпи, удобни влечки, луксузно кимоно, бањарки, премиум душеци.
На гостите им се на располагање  закуски и специјални вина. Секој детаљ е прецизно изработен за да ги спои луксузот и удобноста, обезбедувајќи навистина исклучителен престој.

Услуга

Услугата во хотелот е на база Premium Аll Inclusive, ресторани со јапонска и интернационална кујна со халал, вегетаријанска, веганска и безглутенска храна. Уживајте во креациите на готвачите кои се имаат закитено со  Мишелин ѕвезди, премиум пијалоци, вина и коктели.

Содржина

Хотелот располага со 3 ресторанти и 2 бара.
CLUB HOUSE започнете го денот со прекрасен појадок во ресторанот, со богато à la carte мени и шведска маса со ладна закуска, уживајте во прекрасниот поглед на базенот
Во BIJAL Houses може да уживате во мешавина од италијански и меѓународни јадења за вечера, и да се освежете се со коктел Белини
BEACH HOUSE ресторанот служи à la carte ручек и вечера со свежа морска храна и меѓународни јадења, надополнети со жива забава. Ресторанот нуди затворен и отворен простор за седење.
KAIGAN TEPPANYAKI ресторанот нуди јапонска кујна со препознатливо мени со пијалоци
Club House барот е отворен 24/7, нудејќи разновидни стручно приготвени коктели и пијалоци
CORAL барот ви нуди премиум пијалоци и наргиле со поглед на плажата.

Спорт и забава

Хотелот на своите гости им нуди 2 базени, спа-центар пакети за велнес и часови по јога. За најмладите на располагнје им е kids house, возрасните може да читаат книга во библиотеката на плажа. Гостите од сите возрасти можат да творат во Аrt house работилницата за сликање и керамика.

Плажа

Хотелот располага со сопствена песочна плажа со чадори за сонце и лежалки и крпи за плажа. Cabanas  павиљоните се опремени со вентилатори и минибар.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Side, Adnan Menderes Blv. No:26, 07600 Manavgat/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps