Прескокни кон содржината
ANANAS HOTEL
Повлечи за повеќе слики

ANANAS HOTEL

АланијаAll Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Alanya

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во центарот на Аланија на 130 km од аеродромот во Анталија.

Сместување
Вкупно 241 соба.
Standard rooms (една соба со француски кревет + единечен кревет и едно купатило макс. 2+1 лица).
Сите соби се со приватно купатило, туш кабина и фен, клима, мини бар (вода само при пристигнување), сеф, керамички и под со тепих, сателитска телевизија и музички програми, балкон.

Услуга
Сѐ Вклучено – шведска маса за појадок, ручек, попладне закуски, торта и чај, вечера и полноќна супа. Локални алкохолни и безалкохолни пијалаци од 10.00 до 22.00 ч. Бар на плажа од 10.00 – 18.00 ч само со безалкохолни пијалаци.

Не е вклучено: увозни пијалаци и пијалаци кои не се на менито, свежо цедени сокови, флаширани пијалаци, турско кафе, сите пијалаци после 22.00 ч, пијалаци во диско клубот.

Содржини
Главен ресторан за шведска маса, бар на базен, диско клуб.
Доктор на барање, перење алишта, телефон, факс, интернет, изнајмување кола се со доплата. WI – FI интернет во лобито на хотелот е бесплатно.

Плажа
Хотелот има приватна плажа на 70 m од хотелот со бесплатни лежалки и чадори за сонце. Крпи за плажа не се достапни. Има тунел под патот до плажата.

Спорт и забава
Надворешен базен за возрасни и деца, лизгалки, фитнес, пинг понг, турска бања (одредено време), сауна, одбојка на плажа.
Спортови на вода, масажа билијард со доплата.
Софт анимации, забавни програми и мини клуб за деца од 4 до 12 год.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Cumhuriyet, Manolya Sk. No:6, 07400 Alanya/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps