Прескокни кон содржината
Апартман Мики
Повлечи за повеќе слики

Апартман Мики

Неа Флогита 2026

Апартман МИКИ во Флогита. За 4 - 5 лица.
Сосема нов апартман на 50 метри од плажата. Има соба со брачен кревет, кујна и дневна соба поврзани, бања и тераса. Во кујната, кревет на расклопување и може плус еден дополнителен кревет на расклопување. Кујна опремена за подготовка и сервирање храна . Има машина за перење и машина за миење садови. Има климатизација и во дневната соба и во спалната соба. Климатизацијата и Wi-Fi се вклучени во цената. Апартманот се наоѓа на приземје и има една голема тераса напред и помала на задната страна.

Неа Флогита е оддалечена од Солун само 59 километри, т.е. 160 километри од македонско-грчката граница. Ова мало селце било основано во 1923 година од бегалците од Кападокија, Турција. Денес, Неа Флогита прерасна во вистински рај за сите кои својот летен одмор сакаат да го поминат во помирна и порелаксирана атмосфера отколку во останатите популарни туристички места во Грција.

Неа Флогита има уникатна местоположба, на ридски терен, на само неколку минути пешачење од морето, но и на само 5 минути возење од Неа Модања, комерцијалниот центар на Халкидки, место каде што можете да пронајдете и купите се што ви е потребно или пак да уживате во активниот ноќен живот.

Што е вклучено

Вклучено

  • -7 ноќевања во апартман Мики
  • -Користење на клима

Не е вклучено

  • -Доплата за туристичка такса 2 евра од ноќ од апартман (Се плаќа во агенција)
  • -Превоз за возрасен повратен билет 50 еур / 45 еур во еден правец од Скопје, Велес, Неготино,Гевгелија
  • -Превоз за дете до 11.99год. повратен билет 40 eур / 35 еур во еден правец
  • -Дете до 2 год. (без седиште)-бесплатно
  • -Патничко осигурување