Прескокни кон содржината
Вила Аргири
Повлечи за повеќе слики

Вила Аргири

Остров Тасос 2026

Вилата располага со  двокреветни,четирикреветни студиа,и двокреветно со 1 дополнително легло (1/2+1)  на приземје, прв и втор спрат.

Се наоѓа на 220 метри од плажа, дворот е поплочен и има заеднички простор организиран како летна кујна. Има мијалник, скара, маса и столици. Вилата е на 2 ката, и сите студиа располагаат со сопствена тераса, сопствен тоалет и мини кујна. Мини кујната е опремена со мал фрижидер со мала комора, решо и прибор според бројот на кревети. Студиата се пространи, креветите се единечни со нормална големина. Пешкири има на располагање на гостите, а на прозорите нема комарници. Клима уредот се доплаќа

Двокреветните студиа се со два единечни кревети.

Четирикреветните студиа се со четири единечни кревети.Секое студио е опремено со сопствена кујна,сопствено купатило,балкон и клима уред (се доплаќа).
Кујната е комплетно опремена (приборот е во согласност со бројот на легла).

Вилата е оддалечена на 4-5 минути пешачење од плажа.

Влегување во собите: 14:00 часот по локално времеНапуштање на собите: 09:00 часот по локално време

Тасос е најсеверниот грчки остров кој се наоѓа на околу 8 километри од пристаништето Керомоти, а најблискиот град е Кавала.
Тасос по површина е 12-ти остров по големина во Грција.

Ескејп Травел за лето 2026 повторно ви ја нуди вила Аргири на островот Тасос во областа Скала Потамиа која е во сопствен закуп.

Во непосредна близина на вилата се наоѓа првиот маркет кој нуди евтини и пристапни цени.

Се наоѓа на 600 метри од плажа, дворот е поплочен и има заеднички простор организиран како летна кујна. Има мијалник, скара, маса и столици. Вилата е на 2 ката, и сите студиа располагаат со сопствена тераса, сопствен тоалет и мини кујна. Мини кујната е опремена со мал фрижидер со мала комора, решо и прибор според бројот на кревети. Студиата се пространи, креветите се единечни со нормална големина. Пешкири има на располагање на гостите, а на прозорите нема комарници. Клима уредот се доплаќа.

Што е вклучено

Вклучено

  • 7 ноќевања на база Room Only (наем на соба)
  • Користење на Wi-Fi

Не е вклучено

  • Превоз (Скопје 60 евра, Штип 70 евра, Велес 60 евра, Радовиш 70 евра, Неготино 60 евра, Струмица 70 евра, Граничен премин 60 евра)
  • Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 10 € од редовната цена. Деца до 1,99 години бесплатно
  • Задолжителна доплата за траект – 20 евра за возрасен / 15 евра за дете 2-12 години
  • Tуристичка такса од 2€ по соба на ноќ, истата се плаќа директно во објектот
  • Користење на клима 7 евра од ден

Локација

Отвори во Google Maps