
Хотел Лена
Лена Хотел е семеен хотел лоциран во центарот на главниот град Лименас, на непосредна близина на главното шеталиште и првите ресторани, кафулиња и продавници. Хотелот е на 600м од песочната градска плажа и 150м од првата продавница.
Сите сместувачки единици имаат бања, балкон, клима и ТВ, безжичен интернет пристап и доколку ви треба фен, сопствениците со задоволство можат да ви позајмат. На рецепција има и сеф, чие користење е бесплатно.
Тасос е најсеверниот грчки остров кој се наоѓа на околу 8 километри од пристаништето Керомоти, а најблискиот град е Кавала. Тасос по површина е 12-ти остров по големина во Грција. Островот е исто така име на најголемиот град на островот – Лименас Тасос, богат со шуми, каменоломи од мермер, злато, маслиново масло и мед.
Што е вклучено
Вклучено
- 7 ноќевања на база ноќевања со појадок (цени за наем)
- Користење на Wi-Fi
Не е вклучено
- Туристичка такса од 2€ по соба на ноќ, истата се плаќа директно во објектот.
- Патничко осигурување
- Доплата за користење на клима уред се плаќа на лице место.
- Превоз за возрасни: Скопје 60е, Велес 60е, Неготино 60е, Гевгелија 60е, Штип 70е, Радовиш 70е, Струмица 70е.
- За деца од 2 до 11,99 години попуст од 10е од редовната цена дадена за превоз. Деца до 1,99 години бесплатно.
- Задолжителна доплата за траект – 20 евра за возрасен / 15 евра за дете 2-12 години