Прескокни кон содржината
Апартман I & N
Повлечи за повеќе слики

Апартман I & N

Дионисиу 2026

Паралија Дионисиу е туристичко село кое се простира на околу 3 км широка песочна плажа. Плажата е за сопствена опрема за плажа, но има и барови, каде што можете со платен пијалок да ги користите нивните лежалки и чадори бесплатно. Местото има многу таверни и кафетерии покрај плажата и околу централниот плоштад, кои нудат традиционална грчка кујна, свежа риба и морски плодови. Многу таверни имаат игралишта за деца со цел на младите посетители да не им здосади и да ги остават родителите да се одморат и да уживаат во грчката кујна и на плажа. На централниот плоштад е популарна кафетерија, која нуди традиционална грчка пита наречена Бугатса со слатка павлака или сирење. Во вечерните часови ова кафетерија нуди традиционални грчки слатки наречени Локумадес.

Што е вклучено

Вклучено

  • -7 ноќевања
  • -Користење на клима

Не е вклучено

  • -Доплата за туристичка такса 2 евра од ноќ од апартман/студио (Се плаќа во агенција)
  • -Превоз за возрасен повратен билет 50 еур / 45 еур во еден правец
  • -Превоз за дете до 11.99год. повратен билет 40 eур / 35 еур во еден правец
  • -Дете до 2 год. (без седиште)-бесплатно
  • -Патничко осигурување