
Escape Studios
MyTrip Studios се целосно ново опремени стуиа во Калитеа на 450м од плажа. Студиата се опремени со 1 брачен кревет и еден дополнителен кревет на спуштање, кујна за подготовка на лесни јадења , купатило и тераса. Клима уредот,интернетот и користење на базенот се вклучени во цена. Во студиата може да се сместат максимум 4 возрасни лица ( со согласност од патниците бидејќи 3то и 4то возрасно лице ќе спијат на дополнителен кревет на спуштање).
Калитеа е туристичко место кое се наоѓа на 70 км. југоисточно од Солун. Голема песочна плажа, кристално чисто море, природна убавина, бујна,медитеранска мирисна вегетација,каде што самата гостопримливост на домаќините го прават ова место примамливо за одмор. Ова место е познато и по големиот број на ноќни клубови кои се најпривлечни за младата популација. Калитеа е преполна со мали продавнички во кои може да најдете се и сешто, кафетерии, слаткарници, таверни.
Што е вклучено
Вклучено
- 7 ноќевања за наем на студио 1/2+2
- Wi-FI
- Клима уред
- Базен
Не е вклучено
- Превоз Скопје,Велес,Неготино и Гевгелија за возрасен повратен билет 50 евра / 45 евра во еден правец
- Превоз за дете до 11.99год. повратен билет 40 евра / 35 евра во еден правец
- Туристичка такса 2е од ноќ од студио ( Се плаќа во агенција)