
Апартман Лела
АПАРТМАН ЛЕЛА во Неа Плагија. За 4-5 лица. На 50 метри од плажата со поглед на море. Имате еден брачен кревет и една фотелја на спуштање во собата, плус еден кревет на спуштање во кујната. Кујна опремена за подготовка и сервирање храна и пица. Клима уредот и Wi-Fi се вклучени во цената. Апартманот се наоѓа на првиот кат и има голема тераса напред и мала тераса назад.
Населбата Неа Плагиа е споена со Неа Флогита и изобилува со забавни игри за децата што се лоцирани покрај самата плажа. Целото туристичко место станува атрактивно особено во вечерните часови кога шеталиштето започнува да се полни со најразновидни тезги на отворено каде туристите можат да пазаруваат по пристапни цени. Топлото море, одлично уредената плажа каде можете да изнајмите лежалки и чадори за сонце, како и неколкуте паркови во кои доминираат дрвореди палми ја издвојуваат Неа Плагиа како одлично место за летување на семејства со деца на помала возраст.
Што е вклучено
Вклучено
- -7 ноќевања во Апартман Лела
- -Користење на клима и интернет
Не е вклучено
- -Доплата за туристичка такса 2 евра од ноќ од апартман (Се плаќа во агенција)
- -Превоз за возрасен повратен билет 50 еур / 45 еур во еден правец
- -Превоз за дете до 11.99год. повратен билет 40Еур / 35 еур во еден правец
- -Дете до 2 год. (без седиште)-бесплатно
- -Патничко осигурување