
Апартман Васо
АПАРТМАН ВАСО во Неа Плагија. За 4-5 лица на 100 метри од плажа. Има еден брачен кревет во спалната соба, плус еден брачен кревет на расклопување во дневната соба. Можност за еден дополнителен кревет на расклопување. Кујна опремена за подготовка и сервирање храна и пица. Клима уредот и Wi-Fi се вклучени во цената. Апартманот се наоѓа на приземје и има машина за перење алишта.
Населбата Неа Плагиа е споена со Неа Флогита и изобилува со забавни игри за децата што се лоцирани покрај самата плажа. Целото туристичко место станува атрактивно особено во вечерните часови кога шеталиштето започнува да се полни со најразновидни тезги на отворено каде туристите можат да пазаруваат по пристапни цени. Топлото море, одлично уредената плажа каде можете да изнајмите лежалки и чадори за сонце, како и неколкуте паркови во кои доминираат дрвореди палми ја издвојуваат Неа Плагиа како одлично место за летување на семејства со деца на помала возраст.
Што е вклучено
Вклучено
- -7 ноќевања во Вила Васо
- -Користење на клима и интернет
Не е вклучено
- -Доплата за туристичка такса 2 евра од ноќ од апартман (Се плаќа во агенција)
- -Превоз за возрасен повратен билет 50 еур / 45 еур во еден правец
- -Превоз за дете до 11.99год. повратен билет 40Еур / 35 еур во еден правец
- -Дете до 2 год. (без седиште)-бесплатно
- -Патничко осигурување