Прескокни кон содржината
Вила Елена 2026
Повлечи за повеќе слики

Вила Елена 2026

Остров Крф 2026Room Only Автобуски превоз

Автобуски превоз

Детали за превозот

Превоз со автобус според распоред; точниот термин на поаѓање се потврдува при резервација.

Крф – зелен медитерански рај со благородна душа

Крф, сместен во јонскиот архипелаг на северозападна Грција, е еден од најшармантните и најзелени грчки острови. Опкружен со тиркизни заливи, маслинови шуми и автентични селца, островот плени со својата комбинација од природна убавина, богата историја и елегантен, аристократски дух.

Познат по својата уникатна мешавина на грчко, венецијанско, француско и британско наследство, Крф нуди искуство исполнето со култура, уметност, архитектура, гастрономија и легенди. Старото градско јадро на Корфу е под заштита на UNESCO – со калдрмисани улички, монументални тврдини, убави плоштади и романтични логии кои ја раскажуваат приказната на островот.

Со идилични плажи, космополитска атмосфера, живописни рибарски пристаништа и топло гостопримство, Крф е совршен избор за семеен одмор, романтично патување, истражување и уживање во најдоброто од Јонското Mоре.

Што е вклучено

Вклучено

  • Превоз на релација Скопје – Игуменица – Скопје
  • Организиран превоз од Велес,Неготино,Смоквица,Гевгелија,Битола,Прилеп,Штип
  • 7 ноќевања 8 дена во вила Елена (цени по лице)
  • Туристички пратител за време на патување и претставник од агенција за време на престој

Не е вклучено

  • Факултативни излети
  • Повратен билет за траект – 30 евра од лице (Се плаќа задолжително во автобус)
  • Патничко осигурување
  • Туристичка такса (14 евра од студио за 7 ноќевања која се плаќа задолжително на лице место во објектот)
  • Клима

Излети

  • Посета на плажата Глифада — Целодневен излет на песочната плажа Глифада. Ден за сончање, капење и уживање во убавините на природата. Долга, песочна и организирана плажа што ќе ве освои ова лето со својата природна убавина како и преубавиот поглед кој завршува во недоглед, таму некаде на последната линија од хоризонтот. Плажа за сечиј вкус каде што секој ќе може да ужива во преубавите кафулиња, таверни, водени спортови како и во помирниот дел кој што е наменет за апсолутна релаксација.
  • ПАЛЕОКАСТРИЦА И МАНАСТИРОТ ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА — Посета на еден од најубавите заливи на Островот Крф, и воедно во Европа, Палеокастрица. Место каде што ќе уживаме во природните убавини, ќе го посетиме манастирот на Пресвета Богородица, еден од најстарите манастири во Европа, ќе уживаме во една од најчистите води на Јонското море, а целиот ден ќе го заокружиме со преубав панорамски поглед на целиот залив, уживајќи со локалните благи специјалитети, фрапе или коктел, и секако, уживање на базен.
  • Крстарење со скара — Едно преубаво искуство на островот Крф,полу дневен излет со посета на две плажи,скара и вино и посета на преубавите плави пештери на Крф(доколку временските услови не дозволат се оди на трета плажа)