Прескокни кон содржината
Вила Михаил
Повлечи за повеќе слики

Вила Михаил

Полихроно 2026

Вила Михаил се наоѓа во мирниот дел на Полихроно, на 200м од плажа. Располага со 9 апартмани, 3 на приземје, 3 на прв кат и 3 на втор кат.
Секој апартман е опремен со мини кујна, бања, балкон и ТВ. Во спалната има два одвоени кревети или еден брачен кревет и во кујната има кревет на спуштање. Користењето на климата е вклучено во цената. Оваа година вилата ќе биде целосно реновирана.

Во срцето на Касандра, на околу 4 часа возење од Скопје, во заливот Торонеос, се наоѓа едно од најживописните летувалишта на Халкидики – Полихроно.
Познато е по кристалното, тиркизно море, плитко, создадено за детски водени лудувања, како и по бујната медитеранска вегетација. Тука ќе најдете некои од најубавите плажи на првиот крак на Халкидики, место совршено за семеен одмор. Во можност сте да уживате во големиот број крајбрежни таверни и барови, но и да се прошетате низ околните места и плажи, бидејќи локацијата е навистина идеална. Многубројни супермаркети и пекари ви се на дофат, така што нема да ви недостига ништо. Во Полихроно има аптека и амбуланта, па сигурни сте во секој поглед. Во продолжение ви ја претставуваме вилата „Михаил“ добро позната на нашите клиенти но од ова лето 2026 целосно реновирана!

Што е вклучено

Вклучено

  • -7 ноќевања во вила Михаил (цени за наем)
  • -Користење на клима
  • -WI-FI

Не е вклучено

  • -Доплата за туристичка такса 14 евра од апартман за цел престој (Се плаќа во вилата)
  • -Превоз Скопје,Велес,Неготино и Гевгелија
  • -Превоз за возрасен повратен билет 50 еур / 45 еур во еден правец
  • -Превоз за дете до 11.99год. повратен билет 40Еур / 35 еур во еден правец
  • -Дете до 2 год. (без седиште)-бесплатно
  • -Патничко осигурување

Локација

Отвори во Google Maps