Вила Зои 1
На овој остров ќе ги најдете најдобрите песочни плажи, најуникатните кафулиња и барови, како и најдобрите таверни каде се подготвува свежа морска храна.
Скијатос е навистина рај на земјата, со бујни борови шуми и кристално чисти лазурни води. И покрај брзиот раст на туризмот тука во последните децении, тој остров е сè уште живописен и недопрен и благословен со повеќе од 60 прекрасно чисти плажи.
Дефинитивно Скијатос е еден од најубавите острови во Егејското Море. Бродските тури околу Скијатос, како и оние што одат до соседниот остров Скопелос, ќе Ви овозможат да го истражите и доживеете овој осторв во целост. Плажата Лаларија нека биде прва на листата од места кои мора да ги посетите. Најголем дел од брегот во должина од 44 километри е прекриен со раскошни плажи.
Британскиот весник Тајмс неодамна ја објави својата листа на „15 најдобри грчки острови за посета во 2024 година“, на која Скијатос го обезбеди првото место со своите плажи што мора да се посетат.
Вила Zoi 1 располага со 15 студиа, двокреветни, трокреветни и четирикреветни на прв и втор спрат. Секое студио има тераса, сопствен тоалет, клима, фен, пешкири,мини фрижидер и мини решо за подготовка на лесна и брза храна (не е класична кујна). Вилата е во центарот на островот, и излегува на главната пешачка улица Пападијаманти. Постелнина и пешкири се менуваат двапати неделно, додека собите се чистат секое утро.
Вилата е оддалечена на 10-15 минути пеш од градската плажа Megali Ammos.
Што е вклучено
Вклучено
- 7 ноќевања – 8 дена во вила Zoi 1 (цени по лице)
- Автобуски превоз на релација Скопје,Велес,Неготино и Гевгелија
- Туристички пратител за време на патувањето
- Претставник од агенција за време на престојот
Не е вклучено
- Дополнителeлни 55€ се доплаќаат задолжително за билет за траект на релација Волос-Скијатос -Волос во самиот автобус
- Патничко осигурување
- Факултативни излети
- Користење на клима (не е задолжително) 7 евра од ден, се плаќа на лице место при пристигнувањето
- Доплата за туристичка такса, 14 евра од студио или апартман за 7 ноќи ( задолжително ) плаќате кај газдите на вилите
Програма
- 1Термините за лето 2026 на Скијатос се од четврток до четврток, секоја среда навечер поаѓање — Поаѓањето е секоја среда навечер. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Нашиот туристички придружник се грижи патниците да се сместат на траект кој сообраќа на релација Волос-Скијатос-Волос. Пристигнување на Скијатос во утринските часови. Сместување после 14:00 часот по локално грчко време. Поаѓање за Македонија секој четврток.
Излети
- Kрстарење до Lalaria beach и Островот Skopelos — Во групата на најубави плажи на Скијатос, за некои и најубава. Оваа плажа е како рај на земјата, ремек-дело на природата. Недопрена природа, бели камчиња, тиркизно море, мирно и неурбанизирано место, место кое чека да го посетите и малку ќе ви биде времето таму за да се насладите на целата таа убавина. Оваа плажа е достапна само со бротче, кое ќе ве однесе и до средновековниот замок. Исто така се посетува и островот Skopelos како и црквата Agios Ioannis позната по иконата св. Јован. Исто така на ова место како и островот Skopleos се снимени доста сцени од мјузиклот Mama Mia. Крстарење кое претставува целодневно уживање.