Прескокни кон содржината
Вила Акантус
Повлечи за повеќе слики

Вила Акантус

Торони 2026
Вилата Acanthus е модерен и пријатен објект сместен во мирниот дел на Торони, на само 150 метри од прекрасната песочна плажа. Со уреден двор, бесплатен паркинг и домашна атмосфера, оваа вила е одличен избор за семејства и парови кои бараат комфор, чистота и близина до морето.
Вилата се наоѓа на околу 150 метри од плажата во Торони, на 1 км од центарот на местото и околу 130 км од аеродромот во Солун. Во непосредна близина има таверни, пекари, маркети и кафулиња. Познатите плажи Tristinika, Akti Aretes и Destenika се на само неколку минути возење.
Објектот располага со двокреветни, трокреветни студија и четирикреветни апартмани, сите комплетно опремени и уредени со вкус. Секое сместување вклучува:
– клима-уред (вклучен во цената)
– телевизор со рамен екран
– бесплатен Wi-Fi интернет
– сеф
– приватен тоалет со туш
– комплетно опремена кујна со фрижидер, решо и прибор
– балкон со поглед кон планина или двор
Во рамките на вилата гостите имаат на располагање градина, скара (BBQ), како и заеднички салон за одмор. На располагање е и бесплатен приватен паркинг во состав на објектот.
Сместувањето е чисто и редовно одржувано, со менување на постелнина и пешкири. Гостите во рецензии ја истакнуваат мирната атмосфера, љубезниот персонал и практичноста на сместувањето.

Торони е градче во Ситонија, Халкидики кое е прекрасно за мирен и опуштен одмор.Неговата закривена плажа со густ жолт песок долга 2,5 километри се смета за една од најдобрите во Ситонија, и го прави едно од најпопуларните летни одморалишта на Ситонија.

Торони е место со фантастични зајдисонца, па ќе можете да уживате на плажа додека не зајде сонцето.

Што е вклучено

Вклучено

  • Наем на студио за 7 ноќевања (цената е дадена за наем на студио/апартман без превоз)

Не е вклучено

  • Туристичка такса 14е од студио за цел престој (се плаќа во вилата)
  • Превоз Скопје,Велес,Неготино и Гевгелија за возрасен повратен билет 55 еур / 50 еур во еден правец
  • Превоз за дете до 11.99год. повратен билет 45Еур / 40 еур во еден правец
  • Дете до 2 год. (без седиште)-бесплатно
  • Патничко осигурување
  • Останати индивидуални трошоци, оброци.