Прескокни кон содржината
REGNUM THE CROWN
Повлечи за повеќе слики

REGNUM THE CROWN

БелекLuxury Ultra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Belek

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во Белек на 35 km од аеродромот и 45 km од центарот на Анталија.

Сместување

Вкупно 299 апартмани и 59 лагуна вили.
Главна зграда:
Seascape Suit (110 m², макс. 3 + 2 деца + бебе, една спална соба со француски кревет и када до него, кат подолу дневен престој, едно купатило со туш, балкон, поглед на море).
Family suite (125 m², поглед на копно, две спални соби, две купатила, макс. 5 + 1 дете).
Grand family suit (185 m², поглед на копно, две спални соби, дневна соба + три купатила, макс. 6 + 2 деца + бебе).
Panoramic suit (215 m², поглед на море, една спална соба + една дневна соба, две купатила, макс. 4 + 2 деца + бебе).
Horizon suit (200 m², поглед на море, две спални соби, една дневна соба, три купатила, макс. 6 + 2 + бебе).
Crown Horizon suite (450 m², поглед на море, три спални соби, дневна соба, купатило, макс. 7 лица).
Crown Signature suite (1700 m², поглед на море, пет спални соби + дневна соба + четири купатила + SPA & Wellness дел + работен простор + дел за рекреација, макс. 10 лица).
Amber Lagoon Suite (90 m², заеднички базен + поглед накај градина, една спална соба + кат подолу дневен престој, едно купатило, макс. 3 + 2 деца + бебе).
Ambel Lagoon Villa (155 m², две спални соби + дневна соба, две купатила, макс. 6 + 2 деца + бебе).
Во сите соби има бањарки, влечки, сеф, соблекувална што може да се заклучува, електричен бокал, сет за чај и кафе, кафемат Неспресо, WI – FI интернет, мини бар (водасокови, пиво, крекери, овошен сок, млеко, чоколадни вафли се полни секој ден), во апартманите макси-бар (со алкохолни пијалаци), телефон, систем за климатизација, LED ТВ  во собата со разни меѓународни програми, приватни купатила со туш и посебна када и тоалет, соблекувална, мени за перници.

Услуга

Luxury сѐ вклучено – храна и пијалаци 24 часа, при пристигнувањето гостите се послужуваат со пијалак, овошни сокови за деца, чоколади и бонбони, освежителни марамчиња. Појадок, доцен појадок, ручек, вечера, готварско шоу, диететско бифе, детско бифе, полноќно бифе, сите локални и увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци 24 часа, сладолед, свежо цедени сокови, свежо овошје покрај базенот и на плажа, слаткарница, снек ресторани.
Не се вклучени премиум пијалаци и специјални вина, À La Carte ресторани, Infinity pool lounge and bar (само за возрасни), собна услуга.

Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À La Carte: Rooftop ресторан – меѓународна кујна, пан-азиска кујна, ресторан со словенска кујна, арапска кујна, Mala ресторан –  перуанска кујна, различни видови на барови околу хотелскиот комплекс.
Со доплата се доктор и медицинска сестра, чување деца, перење алишта и хемиско чистење, телефон, факс, фризер, продавници, изнајмување кола, специјални барања и услуги. Интернет во целиот хотел Wi-Fi (со слаба брзина).

Плажа

Приватна песочна плажа. Лежалки, чадори за сонце, крпи за плажа не се наплаќаат. Приватните павилјони се со претходна резервација и се со доплата.

Спорт и забава

Отворени и затворени базени за возрасни и деца, базен со бранови, турска бања, сауна, парна бања, фитнес центар, тениски игралишта, стрелаштво, кошарка, одбојка, одбојка на плажа, пинг понг, стрелаштво, спортови на вода (не моторизирани) се бесплатни.
Со доплата  SPA центар и центар за убавина, сите спортови на вода (моторизирани), осветлување за тениски игралишта, опрема за тенис, часови за тенис, часови за нуркање, куглана, билијард, играчница, Real Madrid училиште за фудбал, Carya Golf Club.
Забавни програми во текот на денот со натпревари покрај базенот и на плажа, во вечерните часови шоу програми, жива музика, програми со професионални танчери, тематски забави и гала вечера. Мини клуб за деца Chuckles: Baby Club од 0 – 3,99 години, Мини клуб од 4-6 години, Јуниор клуб за деца од 7-12 години, и тинејџерски клуб од 13-17 години. Специјална опрема за бебиња во соба и можност за подготовка на бебешка храна во главниот ресторан.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

V256+JF Serik, Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps