
SUNRISE GARDEN BEACH RESORT -GRAND SELECT-
Положба
Хотелот се наоѓа на 19 km од центарот на Хургада и на околу 15 km од аеродромот.
Сместување
Вкупно 481 соба.
Standard rooms (45 m², поглед кон копно, градина, базен или делумно на море, макс.2+2).
Deluxe rooms (45 m², поглед кон градина, базен или делумно на море, макс.2+2).
Family bunkbed rooms (45 m², поглед кон градина, базен или делумен на море, макс.2+2).
Beach Front rooms (45 m², директен поглед на море, макс.2+2).
Family suite (75 m², две посебни спални соби, две купатила, поглед кон базен, градина или делумно на море, макс.2+2).
Junior suite (80 m², поглeд кон градина или море, спална соба, дневна соба, макс.2+2).
Royal Villa (900 m²).
Family suite за лица со попреченост (75 m², две спални соби, пристапно купатило, рампа до терасата).
Family bunkbed rooms за лица со попреченост (45 m², спална соба со дупли кревет или два единечни кревети и кревети на спрат, пристапно купатило).
Standard rooms за лица со попреченост (45 m², спална соба, пристапно купатило).
Сите соби имаат приватно купатило со када или туш, фен, бањарка и влечки, сеф, мини бар, телефон, клима, електричен бокал, сет за кафе и чај, пегла и даска за пеглање (на барање), Wi-Fi интернет, балкон или тераса.
Услуга
Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, ручек, вечера, полноќни закуски, детско катче во главниот ресторан, попладне кафе, чај и колачи, закуски во текот на денот, локални алкохолни и безалкохолни пијалаци до полноќ, локални коктели, À la carte ресторани (италијанска, египетска, монголска, индиска, мексиканска, азиска, шпанска храна, бургери) со претходна резервација, бар покрај базен и на плажа, лоби бар. Со доплата се увозни пијалаци, флаширани пијалаци, лименки, пијалаци после полноќ, мини бар, Nasaya À la carte ресторан, The Boulevard, услуга во соба, Yazol Shisha Tent, наргиле.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la carte ресторани, барови низ хотелскиот комплекс, бар на плажа и покрај базен. Гостите може да користат дел од рестораните и баровите во Sentido Mamlouk Palace Resort.
Со доплата се доктор на барање, чување деца, перење и пеглање алишта, телефон, изнајмување кола, лимузина, продавници. Wi-Fi интернет е бесплатен низ ресортот.
Плажа
Хотелска приватна плажа, мал дел е со плитка вода и се препорачуваат обувки за во вода. Лежалки, чадори и крпи за на плажа се бесплатни.
Спорт и забава
Хотелот има неколку базени за возрасни и деца (загреани во зима), аква парк со 12 тобогани, аеробик во вода, ватерполо, бесплатен час по нуркање во базен, фудбалски терен, одбојка на плажа, тениски терени, мини голф, пинг понг, билијард, пикадо, стрелање со лак и стрела, бока, шах, аеробик, јога, таи чи, медитација.
Со доплата се масажи и третмани во СПА центарот, сауна, џакузи, парна бања, турска бања, салон за убавина, центар за нуркање, спортови на вода, аква центар, едрење,јавање коњ, осветлување за тениски терени.
Забавни програми во текот на денот и навечер, разни натпревари, музика во живо, резидент ДЈ. Мини клуб за деца, детско игралиште, цртање и рачни изработки.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Red Sea Pharoan, Qesm, Red Sea Governorate 1962203, Egypt
Отвори во Google Maps