
GRAN HOTEL BALI & SPA
Инфомрации
Бенидорм – модерниот бисер на шпанската Коста Бланка
Бенидорм е еден од најпознатите туристички градови во Шпанија, сместен на живописната Коста Бланка, на околу 45 километри од Валенсија – идеална локација која спојува море, урбана енергија и лесна достапност.
Со својата пријатна медитеранска клима, долги песочни плажи и динамичен дух, Бенидорм со право го носи прекарот „Менхетенот на Медитеранот“. Градот нуди совршена рамнотежа помеѓу релаксација и забава, привлекувајќи патници од целиот свет.
Познати факти за Бенидорм:
Градот е познат како една од најбезбедните туристички дестинации во Шпанија, со високо ниво на инфраструктура и туристички услуги.
Плажите во Бениднорм се меѓу најдобрите во Европа – со златен песок, чисто море и комплетна инфраструктура редовно добиваат Blue Flag сертификати за чистота, безбедност и квалитет на услугите.
Бенидорм е познат по својата енергија, ресторани, барови и клубови кои нудат забава во текот на целата година.
Градот е дом на популарни тематски паркови како Terra Mítica, Aqualandia и Mundomar, што го прави одличен избор и за семејства и за млади.
Старата градска зона нуди автентична шпанска атмосфера, додека природниот парк Сиера Хелада е идеален за прошетки и панорамски погледи кон морето.
Градот е познат по тоа што има над 300 сончеви денови годишно, и е една од најпосетуваните туристички дестинации во Европа, со милиони посетители годишно
Особено место кое не смее да се пропушти е Балконот на Медитеранот (Balcón del Mediterráneo) – иконична панорамска точка што ги поврзува плажите Леванте и Пониенте. Од тука се отвора спектакуларен поглед кон морето и градот, а местото претставува симбол на Бенидорм и омилена локација за фотографии и романтични прошетки.
Дополнителна предност на Бенидорм е неговата близина до Валенсија, што овозможува лесна и одлична можност за еднодневна посета на овој модерен и културно богат град, познат по Градот на уметностите и науките, историскиот центар и медитеранската гастрономија.
Gran Hotel Bali & Spa, највисокиот хотел во Европа, е вистинска знаменитост на Коста Бланка. Сместен во мирната зона Ла Кала, на само 5 минути пеш од плажата Пониенте, хотелот нуди спектакуларни погледи и висок стандард на удобност.
Хотелот располага со пространи, климатизирани соби со балкони, повеќе надворешни базени, ресторани со шведска маса, бар покрај базен и вечерна анимација. За дополнително уживање, гостите можат да користат спа-центар со сауна, џакузи и фитнес, како и масажи и третмани (со доплата).
Gran Hotel Bali & Spa е идеален избор за оние што сакаат комфорен, модерен и комплетен одмор, со лесен пристап до плажа, град и атракции.
Во цената е вклучено:
Авионски билет со лет од Тирана со авиокомпанијата Wizz Air, со вклучени аеродромски такси TIA 19:00-VAL 22:00 | VAL 22:40-TIA 01:25
Трансфер Скопје – Тирана – Скопје
Трансфер аеродром – хотел – аеродром
Рачен багаж според правилата на авиокомпанијата
7 ноќевања на база полн пансион во Gran Hotel Bali 4*
Во цената не е вклучено:
Патничко осигурување (може да се извади и преку агенцијата)
Доплата за еднокреветна соба
Туристичка такса во хотел: (се плаќа на рецепција при сместување)
Доплата за СПА центар: (се плаќа директно во хотел)
Доплата за соба со поглед на море: (се плаќа во агенцијата)
Напомена
Агенцијата го задржува правото за промена на распоредот на летање доколку авио компанијата ги промени летовите за што патниците ќе бидат навремено известени.
Пасошот треба да е со важност од минимум 90 дена од моментот на влез во земја од Шенген зоната.
Пожелно е секој патник да има валидно патничко осигурување. (Патничко осигурување може да извадите во нашата агенција).
При резервацијата треба да се плати 30% од вкупниот износ на аранжманот.
Плаќањата извршени во денарска противвредност ќе се пресметуваат по курс 1 EUR = 62 МКД.
Сите останати услови на патување важат според Општите услови за патување
Локација
C. del Actor Luis Prendes, 4, LOCAL- B, 03502 Benidorm, Alicante, Spain
Отвори во Google Maps