
ALEGRIA SUN VILLAGE
Инфромации
Во хотелот ALEGRIA Sun Village се нуди совршена хотелска формула за целосно уживање во уникатното искуство во Љорет де Мар. , внимателно е дизајнирн секој детал за да вашиот престој биде незаборавен. Уживајте во удобноста на нашите модерни и комфорни соби, персонализираната услуга и внимателно уредените простории создадени за целосна релаксација и одмор.
Опуштете се покрај базените на лежалки, вкусете вкусни оброци во ресторанот и сончајте се на терасато со прекрасен поглед. Хотелот нуди и услуга за миленици, бар, како и бесплатен Wi-Fi со високa брзина низ целиот објект. Без разлика дали сакате да се релаксирате, да истражувате или едноставно да уживате во медитеранскиот стил на живот, ALEGRIA Sun Village нуди сè што ви е потребно за совршен одмор.
Совршена локација
Хотелот се наоѓа на само 150 од прекрасната плажа, каде што можете да уживате во топлото сонце и кристално чистото море. Лорет де Мар е живописно туристичко место со богата понуда на ресторани, кафулиња, шопинг-зони и забавни содржини. Доколку сакате да ја посетите Барселона, градот е одлично поврзан, што го прави идеална дестинација за дневна екскурзија.
Модерно сместување
Собите се пространи, модерно уредени и нудат приватен балкон со прекрасен поглед кон морето или базенот. Секоја соба е опремена со клима, ТВ, бесплатен WiFi и сите удобности што ви се потребни за пријатен престој.
Вкусна храна и локални деликатеси
Во ресторанот на хотелот ве очекува разновидна шведска маса со богат избор на локални и интернационални јадења, како и широк асортиман на свежо овошје, десерти и освежителни пијалаци.
Одличен избор за семејства, парови и друштва
Без разлика дали патувате со семејството, партнерот или пријателите, Sun Village нуди нешто за секого. Динамична атмосфера, одлична локација и богати содржини го прават совршен избор за оние кои сакаат комбинација од забава, релаксација и истражување на убавините на Коста Брава.
Вклучено
Во цената е вклучено:
7 ноќевања на база полупансион
Аеродромски такси
Повратен авионски билет Скопје-Барселона-Скопје,
Трансфер од аеродром до хотел и од хотел до аеродром
Рачен багаж со димензии согласно политиката на Визз аир
Политика за деца – Попуст за деца од 2 до 11,99 години.
Во цената не е вклучено:
Туристичка такса (2 евра од ден по лице, се плаќа на лице место- подложно на промени)
Патничко осигурување ( можност да се извади во агенција)
Доплата за багаж според моменталната цена на WIzz air
Напомена
Пасошот мора да има важност од минимум 90 дена од моментот на напуштање на Шенген зоната Секој патник требада поседува валидно патничко осигурување За потврда на резервација е потребна уплата од минум 30% од вкупната сума, остатокот мора да биде доплатен најдоцна до 15 дена пред поаѓање Цените се дадени во евра, плаќањето се извршува во денарска противвредност 1 EUR = 62 MKD
Локација
Carrer Turó de l'Estelat, 5, 17310 Lloret de Mar, Girona, Spain
Отвори во Google Maps