Прескокни кон содржината
Вила Нидри Порт
Повлечи за повеќе слики

Вила Нидри Порт

Нидри, ЛефкадаRoom Only

Инфомрации

Вила Нидри Порт Б кат -Нидри, се наоѓа на самиот брег, во поширокиот центар на одморалиштето Нидри. Вилата се состои од две згради со двор каде што има базен со детски дел, како и лежалки и чадори за сонце на располагање (бесплатно). Нашиот капацитет се наоѓа во блок Б кој што се наоѓа веднаш позади блок А. Вилата се наоѓа покрај море, недалеку од пристаништето и пешачката зона со продавници и таверни. Градската плажа е оддалечена 450 метри. Во непосредна близина на објектот за нашите гости со сопствен превоз има  обезбеден паркинг со плаќање (5 еур/ден), како и повеќе супермаркети и ресторани. Објектот е на иделана локација за оние кои сакаат да го имаат живописното Нидри како база за истражување на островот и место од каде започнуваат сите крстарења со брод, а воедно има богата понуда за ноќен живот.

Користење на базенот е бесплатно. Климата е со доплата од 7 еур/ден. 
Студијата 1/2+софа се опремени со дупли кревет и софа за дете до 12 години.
Студијата 1/2+1 се опремени со дупли кревет и додатен лежај за возрасен. 
Апартманите се опремени со спална соба и кујна во која има уште еден кревет на отворање.
За патниците со кола имаат организиран паркинг со доплата во близина (5 еур/ден). 

Превоз

Автобуски превоз возрасни 60 Еур Битола.
Доплата за превоз 10 Еур: Струга,Oхрид, Ресен, Скопје, Велес, Дреново, Прилеп.
Деца од 2 до 11,99 год: Попуст – 10 Евра од редовната цена. Климата е вклучена во цена.

Напомена

Попустите не може да се комбинирааат.
Туристичката такса се плаќа на лице место.
Важат Општите услови за патување на СКТМ.
 

 

Локација

PP35+G9V Kallithea, Greece

Отвори во Google Maps