Прескокни кон содржината
XANADU CLUB MAKADI BAY
Повлечи за повеќе слики

XANADU CLUB MAKADI BAY

Макади БаиHigh Class All Inclusive

Локација

Хотелот зафаќа површина од 115.850 м² и е сместен на мирна локација во заливот Макади, на околу 35 км од Хургада и околу 30 км од аеродромот.

Сместување

Хотелот располага со 456 соби. Сите соби имаат балкон или тераса, клима уред, сеф, мини-бар, сет за кафе / чај, сателитска LCD телевизија, бесплатен Wi-Fi и фен за коса.
Standard Room  28 м², поглед кон градина или море, макс. 2+1 лица.
Family Room 56 м², поглед кон градина или базен, макс. 2+2 лица.
Family Suite  90 м², со дневна соба и спална, погодни за поголеми семејства.
Romance Suite 55 м², идеални за парови.
Presidential Suite  175 м², луксузен апартман со ексклузивни содржини.
Со доплата: room service и сè што е надвор од концептот.

Содржини

Хотелот  покрај главниот ресторан, хотелот нуди и неколку à la carte ресторани (со претходна резервација): Ristorante Malena италијанска кујна (бесплатно),Topkapi – турска кујна (бесплатно), Ariel – појадок на плажа (бесплатно), Yumi  суши (со доплата),Mongo Mongo – монголска кујна (со доплата). Барови во ресортот: Lobby Bar, Club Lounge (24 ч.), Pool Bar, Xanadu Beach Bar, Blue Bar, Disco Bar & Lounge. Шопинг центар, хемиско чистење, сала за состаноци, доктор на повик, фризерски салон, фотограф. Хотелот има и Спа центарот : турска бања, сауна, парна бања, масажи, џакузи, третмани за лице и тело, маникир / педикир, сала за релаксација и центар за убавина.

Спорт и забава

Главен базен, релакс базен, детски базен, базен со бранови, аква парк со 14 тобогани за возрасни и 13 за деца, пинг-понг, пикадо, аеробик, јога, одбојка на песок, аква гимнастика, фудбал на маса, вечерни програми и жива музика, мини-диско за деца, дискотека Docker Lounge, фитнес центар.
Со доплата: нуркачки центар, спортови на вода и сè што е надвор од концептот.

Услуга

Услугата во хотелот е High Class All Inclusive – појадок, ручек и вечера (самопослужување со избор на повеќе јадења според хотелските правила). Во концептот се вклучени и ужини, сладолед, локални алкохолни и безалкохолни пијалаци.
Со доплата: одредени увозни бренирани пијалаци, вечери во некои à la carte ресторани и сè што е надвор од концептот.

Плажа

Хотелот располага со сопствена песочна плажа во должина од 250 метри. Лежалки, чадори и пешкири се бесплатни.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии. 
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Hurghada 1, Red Sea Governorate 1960510, Egypt

Отвори во Google Maps