
SENTIDO NAGA BAY
Локација
Хотелот се наоѓа во регионот Сома Беј, во заливот Шарм Ел-Нага, познат по недопрената природа, кристално чистото море и еден од најубавите корални гребени во Египет. Хотелот е оддалечен околу 52 км од центарот на Хургада, а околу 50 км од аеродромот во Хургада.
Сместување
Хотелот располага со 196 соби. Сите соби имаат балкон или тераса, клима уред, ТВ, телефон, сеф, фен за коса, SAT LCD ТВ, мини бар (со доплата), апарат за кафе/чај, бања со туш или када и бесплатен Wi-Fi.
Стандардните и Superior собите имаат поглед кон градина или страничен поглед кон морето.
Deluxe собите и Junior Suite нудат повеќе простор и повисоко ниво на удобност.
Suite единиците се идеални за гости со деца.
Swim-up Junior Suite Garden View собите имаат директен пристап до базен од терасата.
Постои можност за upgrade на соба од Swim-Up Junior Suite Garden View во Swim-Up категорија со загреан базен. Upgrade-от се врши и се плаќа директно во хотелот, а достапноста зависи исклучиво од моменталната расположливост.
Со доплата: мини бар, телефон и room service.
Содржини
Хотелот е модерен ресорт отворен во пролетта 2025 година, сместен директно на плажа во заливот Шарм Ел-Нага, во мирната зона на Сома Беј. На гостите им се на располагање главниот buffet ресторан „Breeze“ со live-cooking концепт и à la carte ресторанот „Sahtein“, како и шест барови, вклучувајќи pool, lobby, blue, rock и rooftop барови. Ресортот располага со четири базени, од кои еден е загреан, како и со аквапарк со тобогани и директен пристап до плажата и коралниот гребен за нуркање и сноркелинг.
За децата на располагање се детско игралиште, детски клуб, детски базен и аквапарк.
Со доплата: а la carte ресторани, увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, детски клуб.
Спорт и забава
На гостите им се на располагање аквапарк со тобогани, модерно опремен фитнес центар, простор за јога, тениски и падел терени, голф терен со 18 дупки оддалечен околу 8 км од хотелот, терен за одбојка на песок и боќање. За љубителите на морските активности, сноркелингот на коралниот гребен претставува посебно доживување.
Хотелот повремено организира дневни и вечерни анимациски програми за возрасни, тематски вечери, жива музика и различни работилници.
Со доплата: изнајмување опрема за тенис, осветлување на тениските терените, користење на голф теренот и превоз до него.
Во рамките на хотелот се наоѓа модерен wellness и spa центар кој им нуди опуштање на гостите во пријатен амбиент. Гостите можат да користат теретана, масажи, козметички услуги како маникир и педикир, простор за јога, сауна, хамам и парна бања.
Со доплата: различни видови масажи и третмани, како и козметички услуги како маникир и педикир.
Услуга
Услугата во хотелот е се вклучено појадок, ручек и вечера (самопослужување – избор од повеќе видови јадења, според хотелските правила) во главниот ресторан Breeze.
Покрај главниот ресторан, хотелот располага и со à la carte ресторанот Sahtein. На гостите им се на располагање и бројни барови: Lobby Bar, Pool Bar & Snack, Relax Pool Bar, Blue Bar, како и Roof Top Bar и Rock Bar (одредени барови и понуда со доплата).
Со доплата: а la carte ресторани, увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци и сè што не е опфатено со All Inclusive концептот.
Плажа
Хотелот има сопствена песочна плажа која се протега долж заливот Шарм Ел-Нага. Дел од плажата има корален гребен, па се препорачува обувки за капење поради плимата и осеката. Гостите на хотелот без доплата користат пешкири, лежалки и чадори за сонце.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Safaga, Hurghda Road, Red Sea Governorate 84711, Egypt
Отвори во Google Maps